Елена Антоновска – со енергија менува животи

Елена Антоновска – со енергија менува животи

Во една прилика кога дојде во Белград, со Елена Антоновска разговаравме за начинот на кој таа сака да ја размени енергијата со луѓето. По неколку минути „работата“ се претвори во дружење. Нашата прва средба се претвори во разговор кој наликуваше на разговор со пријателка која ја познавав цел живот.

Елена живее и работи во Македонија, во Скопје, каде е и родена. Позната е и барана поради знаењето и вештините што таа ги поседува. Сега ќе наброиме дел од нив: реики учител, pranic healing инструктор, практикант по EFT, wingwave, NLP, бачови цветни есенции, регресотерапевт. Во родниот град таа го води Центарот за коучинг и личен развој Лукс Интегра, односно, помош за секоја душа која тоа ќе го побара.

Кои од овие вештини да ги набројам како основа и од каде таа поседува толку многу титули? Прашувам но, сепак ми е јасно дека таа не се плаши од знаењето туку истото го прифаќа со раширени раце. Нејзината цел е една: да помогне на што повеќе луѓе, да ја излекуваат нивната душа и тело, всушност и двете.

– Како средношколка се шегував дека ќе отворам канцеларија во која ќе ги слушам проблемите на луѓето и ќе им помагам да ги решат истите, ќе ги тешам, ќе разговарам со нив. Бев „рамо за плачење“ на многумина. Тоа всушност најмногу го сакав.

Ништо не е случајно. Го раскажува нејзиниот нималку лесен живот, кој на секого би му оставил сериозни лузни. Таа знаела како да ги излечи своите рани. Таа вели дека сè почнало во вистинскиот но, сепак во тежок момент.

– Пред 10 години бев во сериозна животна криза. Бев во брак со човек кој ме злоупотребуваше на секој начин. Останав без пари, без пријатели, без семејство, работа, без ништо. Не можев, ниту пак не знаев како да се ослободам. Живеев сама во страв, имав напад на паника и параноја дека некој ме следи, не можев да излезам надвор од својата куќа. Како ништо да не е случајно, запознав една жена која работи во Скопје во Центарот за жртви од насилство, разговарав со неа и побарав помош. Тие веднаш ми помогнаа со совети, правна помош, ми подготвија тужба и подготвија сè што е потребно за постапката пред судот. Така се справив со насилникот, се сеќава Елена.

Се отворија сите врати. Во тие месеци на неизвесност и страв, пријателите ја повикале на часови по Pranic Healing. Во Скопје стигнала една позната дама од Австрија за прв пат да го одржи курсот. По завршениот степен, Елена го посетила и следниот, па следниот, за да по една година, таа самата почнала да ги организира курсевите и работилниците. Успеала по една година да најде простор, да регистрира и отвори Центар и веднаш почнала да работи со полна пареа. Не само како организатор туку и како терапевт. Набргу таа ја добила и првата лиценца за инструктор по Pranic Healing која ја потпишала нејзината менторка, познатата Клаудија Дикман (Claudia Dieckmann) од институтот за работа со Енергија (Institut fur Energiearbeit) во Виена.

– Се стекнав со право да предавам но, продолжив да се образувам. Влегов во светот на реики и ја запознав својата учителка по оваа вештина Suzan David од Унгарија.

Ми тргна. Таа ја продолжи својата приказна со насмевка на лицето, се интересирала за се, ги примала новите знаења, понекогаш и со неочекуван ред. Елена прво положила за професионален животен тренер на Ериксоновиот колеџ, за да потоа заврши NLP и wingwave. Ја прашав, што завршила од системот на официјално образование.

– Јас дипломирав информатика, таа одговори накратко.

И откако ја забележа мојата збунетост, се надоврза: – Да, јас работам неочекувано. Секогаш бев прилично активна, зборлеста и бесна како дете. Бев паметна и одлична во училиште. Бев и прилично деструктивна, ОГАН кој гори сè и добро и лошо. Таков ми беше животот, премногу тежок за да го поднесе некој без одбранбен механизам.

Потполно друга личност. Нема да влегувам во детали и сериозни проблеми со кои се справувала како мала. Но, пред 10 години одлучила се да промени. Затоа ме интересира, колку успеала во тоа, колку овие методи кои денеска ги познава, лично и помогнале.

– Успеав во последната деценија да го затворам циклусот на својата трансформација. Навистина сум друга личност, бесот, лутината и отпорот, потполно исчезнаа, тој оган во мене, целосно го промени правецот и сега го користам само за да направам нешто добро за себе и другите.

Движење на енергетскиот циклус. Колку ни е потребна на нас помош и во Македонија, Србија и во целото опкружување, најнапред за душата и умот, а потоа за телото?

– На сите нас ни е потребно. Дури и на нас кои веќе сме на патот на лично исцелување. Човекот во секој момент не е способен да си помогне на себе, потребен ни е еден лековит разговор со некој, совет и енергетска поддршка. „Финтата“ е во тоа што треба да бидеме свесни дека тоа ни е потребно, ние треба сами да побараме помош бидејќи на друг начин не може да ни биде дадена. Не може ниту да почне да се одвртува тој енергетски циклус, отстранување на блокадите во нас, не можеме да се отвориме ако тоа сами не го посакаме и сами не побараме помош. Знаеш како викаат старите: Ако самиот на себе не си помогнеш, ниту Бог нема да ти помогне. Патот ќе ни се отвори само ако нашата свесност ни даде знак дека ни е потребна помош, ние само треба тоа да го изразиме и искажеме. Јас сум само една од луѓето кои преку знаењето и вештините го осветлуваат патот и ја отвораат вратата на патот кон самите себе.

Напомена: Pranic Healing е едноставен систем на енергетска ревитализација без допир. Се базира на принцип дека физичкото тело има способност само да се ревитализира и овој процес се забрзува со зголемено количество на животна енергија која се користи за отстранување на физички и психолошки нарушување. Физичкиот контакт не е потребен бидејќи практикантот работи со биоплазматичното енергетско тело, а не директно на физичкото тело. Причината што Pranic Healing работи на енергетското тело е фактот дека секоја физичка состојба, најнапред се појавува како енергетско нарушување во биоплазматичното тело, а по извесно време се манифестира и како болест на физичкото тело.

Текстот е превземен и преведен од http://antistresvodic.rs/

Претходен напис
Моќта на минатите животи