Дијадни вечери (26.02)

Дијадни вечери (26.02)

                                    “Почуствувај ја слободата , постигни го невозможното”
Арс Луцида со задоволство ве поканува на интерактивни работилници за “ментален и духовен фитнес“ кои ќе се одржуваат во просториите на Арс Луцида почнувајќи од 26.02.2020г од 18:30 до 21 часот, еднаш неделно во континутет


“ Иако имаме слобода да мислиме и делуваме независно, ние се држиме заедно, исто како ѕвездите на небескиот свод со нерскинливи врски. Овие врски не можат да се видат , но можат да се почувствуваат.”
                                                                                                                                            Никола Тесла

                                        Или поинаку кажано “Човек на човек му е лек”.
Овие интерактивни работилници се можност во пракса да се применат овие мудрости. Се смета дека една од основните причини за низа потешкотии со кои луѓето се соочуваат во секојдневото живеење на професионален план, деловен план, во приватниот живот, во релациите со другите луѓе, семејството, пријателите, соработниците … е недостаток на вистинска комуникација. Менталниот и духовен фитнес дава токму можност за комуницирање на сите содржини длабоко потиснати во нас кои претставуваат кочница во секојдневниот живот на секој план. Практичната работа е во форма на дијади и група за подршка. Дијада е формат на дијалог меѓу две свесни индивидуи седнати еден спроти друг на взаемно прифатливо растојание и комуницираат на однапред зададена инструкција на актуелна тема, во безбедна и заштитена средина. Групата за подршка е формат во кој 4-5 индивидуи седат во круг и работат на иста инструкција со контемплација и комуникација . Бенфитите од оваа работа се :
– Насоченост кон унапредување на релациите по пат на директна комуникација,
– Развиток на комуникациските способности , отвореност кон другите и спремност за дијалог
– Способност за дефинирање и долгорочно унапредување на релациите со другите
– Подобро запознавање на самиот себе
– Подобро внатрешно функционирање
– Трансформација на проблемите во проекти
– Усмереност кон изнаоѓање на решенија
– Развивање на свеснота
– Преминување од позиција на пасивност и состојба на жртва во позиција на проактивност и состојба на креација
Водител: Матоска Христинка
Цена 500денари
Пијавување и информации на:


Христинка Матоска тел : 070 29 26 17,

 e-mail : mhristina@yahoo.com;

 FB: Matoska Hristinka 

Елена Антоновска тел. 075 25 27 24;

 e-mail: contact@arslucida.mk ;

 FB: www.fb.com/arslucidamk

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!