5 начини на кои спиритуалните луѓе живеат поинаку

5 начини на кои спиритуалните луѓе живеат поинаку

Луѓето со слободен дух се однесуваат на сличен начин. Додека секој е уникатен, интересно е да се знае дека луѓето кои одат по „спиритуалната патека“ во животот настојуваат да присвојат слични навики и однесувања. Спиритуално – ориентираните луѓе настојуваат да размислуваат различно за разлика од останатото општество и нивната интеракција во животот е многу поразлична од останатите.

Кога станува збор за однесувањето, да се биде способен да се однесува како останатите е многу важно. Тоа ни дозволува да видиме дека не сме сами на ова патување и дека не сме толку „чудни“ покрај се. Потребно е голема храброст да се биде свој во свет кој постојано пробува да нè направи некои други и затоа е утешно и поддржувачки да се знае дека постојат милиони низ светот со кои можеш да се поистоветуваш.

Еве барем 5 работи кои спиритуалните луѓе ги прават различно во животот:

1.  Тие се забавуваат поинаку

Спиритуално – ориентираните луѓе се забавуваат на поразлични начини од друѓите луѓе. Одењето во клуб обично не ги интересира и дружењето во барови до 3 наутро во петок не е нималку интересно како што е прошетка на полноќ. Истражување, поминувајќи време во природа и авантури сè секогаш на нивната неделна листа наместо барање на место каде да се напијат за време на викендите.

Ова не значи дека тие не се забавуваат. Кога тие СЕ забавуваат, тоа го прават на поинакви начини. Ова не води до следната работа која спиритуалните луѓе ја прават поинаку:

2. Дрогата и супстанците ги користат на поинаков начин

Тука не ја охрабруваме употребата на дроги, но тешко е, а да не се спомене очигледната разлика за начинот на кој дрогата се користи од оние кои се спиритуално ориентирани и оние кои не се. Кога спиритуалните луѓе користат дрога, тие тоа го прават церемонијално, а причината е да се зголеми свесноста или отварање на срцето. Дрогата се корисити како алатка за внатрешна трансформација.

Изборот на дрога е исто така различен. Ајахуаска, мескалин и останатите медицински растенија се повеќе преферирани од останатите опијати како алкохол или кокаин.

3. Практикуваат различни начини на годишен одмор

Патувања во сопствена режија, спиритуални ритрити и фестивали се формите на годишен одмор за спиритуално – ориентираните луѓе. Седењето во некакви ресорти каде што сè е перфектно подредено едноставно не е исполнувачко и недостига чувството за авантура кое тие го бараат. Годишниот одмор не е само пауза од секојдневната рутина, туку шанса за тие да ги истражат и прошират своите перспективи. Одморот повеќе го третираат како можност за раст и развој отколку време за задоволство.

4. Слободното време го поминуваат поинаку

Кога спиритуалните луѓе имаат слободно време на крајот од денот, тие го користат за читање, прошетка или работа од областа на спиритуалната пракса како медитација или јога. Со оглед на тоа дека повеќето спиритуални луѓе се интровертни, тие немаат проблем времето во петок навечер да го поминат дома. Всушност седењето дома ним им се допаѓа. Просечниот граѓанин поминува 4 -5 часа дневно гледајќи телевизија. Просечната свесна индивидуа поминува скоро нула часови правејќи го тоа. Фактот е дека многумина од нив не ни имаат телевизор дома.

Наместо да го вклучат тв приемникот и да гледаат програми како сапуници, реални шоуа и слично, нив ќе ги најдете како гледаат презентации или документарни филмови кои ќе го прошират нивното знаење. Тие исто така сакаат да гледаат филмови – најмногу оние со филозофски тематики.

5. Со животните дилеми се соочуваат на поинаков начин

Пропаднатите врски и изгубените работни места се третирани како можности, а не како неуспеси. Не постои такво нешто како „грешка“ туку лекции кои треба да се научат. Спиритуалните луѓе често ќе погледнат внатре во себе за да добијат одговори отколку да обвинуваат некој друг за проблемите и ситуациите.

На пример, времето веднаш откако ќе заврши одредена врска е време за длабока интроспекција: „Што научив за себеси од сето ова? Како можам да бидам подобар следниот пат? Што направив погрешно и на кој начин да ги подобрам тие свои аспекти?“. Во следните неколку месеци претстои многу работа на себе и личниот развој.

Додека некој кој не е спиритуално – оринетиран ќе го обвини својот партнер за психотично и идиотско однесување и ќе ги замати сите чувства на вина или болка, спиритуалниот човек ова ќе го сфати како една од животните лекции кои нему му се многу важни. Причината поради која спиритуалните луѓе се однесуваат различно во овие 5 примери е бидејќи тие веруваат дека се наоѓаат на овој свет поради својот раст и развој како и лична еволуција. Тие ја разбираат важноста на животот и се обидуваат да направат колку можат повеќе додека се тука.

Ние не сме тука да работиме од утро до мрак, ниту да плаќаме сметки, да купуваме работи кои не ни се потребни за да се почувствуваме успешни според социјалните стандарди и да штедиме за да можеме последните 10 години од својот живот да ги поминеме како што сакаме.

Животот треба да се живее како душа која е тука да учи, расте и да си игра.

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!