Анксиозноста може успешно да се искорени и третира со енергетски сесии

Анксиозноста може успешно да се искорени и третира со енергетски сесии

Едни од најчестите состобји со која нашите клиенти се соочуваат е анксиозноста. Ви звучи познато, нели? Тоа екстремно чувство на вознемиреност и страв што може да биде насочено кон нешто или некого, или едноставно може да нѐ обземе без очигледна причина, не бира време и место и така одеднаш ни ги „парализира“ сите рационални мисловни процеси.

Ова чувство често пати не прави изнемоштени, згрчени од страв и ни ја одзема слободата да го уживаме животот таков како што е.

Најчест механизам за да се справиме со анксиозноста е останувањето дома, бидејќи надворешниот свет изгледа премногу застрашувачки и полн со „провокации“, конзумирање алкохол или земање лекови за смирување.

Овие лекови можат да бидат корисни на краток рок, но никогаш не ја третираат основната причина за проблемот.

Тие го маскираат чувството, но никогаш не се трајното решение. Кога ќе ја прекинете терапијата, чувството на вознемиреност се враќа, честопати и посилно од порано.

Кога клиентот првпат доаѓа кај нас со анксиозност, најпрво следува краток разговор за неговата состојба. Пристапот и методите кои ги користиме се секогаш индивидуални за секој клиент, бидејќи секој енергетски систем е уникатен во својата природа.

Анксиозноста може успешно да се искорени и третира со енергетски сесии

Од енергетска перспектива, вознемиреноста се манифестира како дезорганизација на виталната енергија што тече во вашето тело. Односно, во Вашиот систем постои неусогласеност и дисбаланс во одредени делови на вашето енергетско тело и тоа ги предизвикува симптомите.

Кога почнува нападот на паника или ве обзема анксиозноста заради вознемиреноста, енергијата што поминува низ вашите меридијани (енергетски линии) и чакрите (енергетски центри) е надвор од контрола. Буквално како да имате електричен спој од кој избила струја.
Поголемиот дел од енергијата ќе се движи нагоре, што создава чувство на неприсутност и замаеност.

Останатиот поголем дел од енергијата пука во срцевата чакра, што создава тешко дишење и срцеви палпитации, тахикардии, додека десната и левата хемисфера од мозокот се во комплетна неурамнотеженост и логичното размислувањето станува речиси невозможно.

Бидејќи вознемиреноста е предизвикана од дисбалансирана енергија, таа може да се лекува преку правилно хармонизирање на енергијата од искусен практичар.

Кога ја започнуваме енергетската сесијата, најпрво се скенира енергетското тело од глава до пети за да имаме детални информации како изгледа енергетската анатомија кај клиентот.

Сигурно се прашувате како изгледа енергетското тело (аурата) типично за некој што страда од вознемиреност?

Аурата, што претставува енергетско поле околу телото и ни дава чувство на заштита, обично кај луѓето кои не практикуваат редовна енергетска хигиена (и енергетското тело исто како и физичкото тело треба да се одржува и чисти) или пракса е мала, околу неколку сантиметри околу физичкото тело.

Кога аурата е намалена, полна со нечистотии, има дупки и пукнатини, надворешниот свет го перципираме како непријателско место и некој со ваква аура навистина не може да се опушти, нивниот нервен систем е постојано „на штрек“. Постојано чувствувате дека сте „нападнати“, имате потреба да се браните и да се заштитите.

Следно, ги проверуваме главните енергетски центри на телото, коишто уште се нарекуваат чакри. Секоја чакра е енергетски центар и ги снабдува со енергија соодветните органи од физичкото тело. Да појасниме, аурата, односно енергетското тело е во нераскинлива врска со физичкото тело, продира низ него и околу него.
Чарките функционираат како мали софтверски дискови, а органите се хардверот на телото.

Ете мала IT аналогија J.
Тие ги чуваат сите информации за сè што некогаш ви се случило.

Можеби сте имале некое трауматско искуство кое било одамна, но енергетските информации за тој шок сè уште се чуваат во чакрата. Оваа енергија го информира организмот до ден денес и со тоа потенцијално може да доведе до вознемиреност.

Истото важи за сите емоции.

Сите ние на некој начин ја чувствуваме енергијата околу нас, некои повеќе, некои помалку. На пример, колку често сте се нашле во простор каде се чувствувате неудобно, без никаква причина, или кога разговарате со некого, можете да го почувствувате „електрицитетот“ на непријатност? Сето ова е резултат на тоа дека сите ние сме енергетски битија поврзани на еден или друг начин.

Да се вратиме на енергетската анатомија… Коренската чакра, која е енергетски центар на дното на ‘рбетот, што ве поврзува енергетски со земјата, кај ваквите состојби најчесто е  многу неурамнотежена. Ова доведува до чувство на „неприсутност“ и оддалеченост, за која зборувавме погоре.

Откако ќе направиме темелна анализа на енергетските центри, се преминува кон пронаоѓање на основната причина за вознемиреноста.

Основна причина е енергијата со која започнал циклусот на вознемиреност. Може да произлезе од трауматски настан што сè уште е врежан во енергетските центри на телото. Најчесто, овој настан може да потекнува од детството, вашиот возрасен живот, но исто така и од вашето раѓање, дури и пренаталниот период кога сте биле во матката.

Ако на пример вашата мајка имала трауматско, или емоционално тежок период или настан кога била бремена со вас, големи се шансите и вие да доживеете вознемиреност во одреден момент од вашиот живот.

Тоа се случува затоа што мајката и плодот се директно поврзани, не само физички, туку и емоционално и се разбира енергетски.

Откако ќе ја детектираме вистинската причина за вознемиреноста, ги ослободуваме овие енергетски информации од вашиот систем и ги заменуваме со свежа, нова и смирувачка енергија.
Новата енергија во системот придонесува до балансирање и зацелување на траумата или стравот или било која емоционална неусогласеност во енергијата на клиентот.

По третманот, многу луѓе споделуваат дека се чувствуваат приземјено и безбедно во своите тела и околина. Чувствуваат внатрешен мир, а погледот кон светот или околината се менува од „непријателско“ место во „пријателско место“ за битисување.

Квалитетот на животот драматично им се подобрува и со ново чувство на независност, сила и самодоверба.

Најчесто се потребни 2-3 сеанси кај полесните форми на анксиозност, некогаш повеќе, секако тоа зависи од вашата верба, дисциплина и желба да успеете да ги пребродите овие состојби.

Имено, луѓето се чувствуваат многу подобро по првата сесија и не продолжуваат да го завршат циклусот на енергетски сесии до крај, а како последица на тоа се враќаат во првобитната состојба.

Исто како да испиете само една таблета од целото пакување на лекот со препорака за 6 дена или колку и да се. Истрајноста е секогаш клучна.

Луѓето очекуваат и сакаат трауматските искуства и состојби кои што со години се таложеле во нивното енергетско тело да се променат веднаш, што е разбирливо, тоа е човечката природа. Но тоа не е возможно за една или две сесии. Верувајте, никој не сака да го има тој товар и анксиозност во себе. Сепак, имајте сочувство, љубов и разбирање кон себе и многу ТРПЕНИЕ. Само така ќе се решат ваквите состојби.

Мора да напоменеме дека сесиите секогаш се прават со ваша комплетна согласност. Исцелувањето не може да се прави на сила и без ваша комплетна свесност. Не може да помогнете онаму каде што не се бара тоа.

Сесиите во Арс Луцида секогаш ги работат високо квалификувани терапевти, сертифицирани во областа на која работат.

Доколку сакате да дознаете повеќе за овие енергетски сесии, слободно контактирајте нѐ.

Исто така ова не е работа само на „одбрани“ поединци. Ние забораваме дека СИТЕ НИЕ ИМАМЕ СПОСОБНОСТ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕ. Сите вие со малку пракса и труд можете да совладате некоја од техниките кои ние ги користиме во енергетските сесии.