Бачови цветни есенции

Бачови цветни есенции

Овој едноставен, но многу моќен систем на лечење, со кој многу успешно се враќа благосостојбата и здравјето, бил развиен од страна на д-р Едвард Бач (Edward Bach) во триесеттите години од минатиот век. Д-р Бач сметал дека во природата се наоѓа лек за секој проблем со кој се соочуваме.

Цветни есенции се подготвуваат од цветовите на различни диви билки и дрвја. Бидејќи се подготвуваат на посебен начин, тие претставуваат вибрациски есенции и функционираат на многу суптилно ниво.

Тој го развил системот од  цветни есенции соодветни за лекување на различни видови на емоции, кои воедно придонесуваат за подобрување на психичката и телесната состојба на поединецот.


38-те есенции се поделени во 7 поголеми групи. Секоја група е поврзана со конкретна емоција, па еве ги:

  • за страв
  • за несигурност
  • за недоволен интерес за сегашните околности
  • за осаменост
  • за пречувствителност на влијанија и идеи
  • за малодушност и очај
  • за прекумерна грижа за добросостојбата на другите


Цветните есенции можат да се земаат превентивно за да се спречи развојот на понатамошни проблеми со здравјето, или за време на конкретното нарушување (стрес, немир, шок итн.) или болест. Тие се природни и безбедни, немаат несакани последици и не создаваат зависност, што ги прави погодни за сите, вклучувајќи ги и растенијата и животните. Можат да се земаат одделно, или заедно со различни медицински или алтернативни методи на лечење.

При третманот не постои генерализација – секоја личност се третира како посебен, единствен случај, без оглед на тоа дали постои вообичаен симптом или болест. Тоа што личноста се третира како една целина му дозволува на практикантот да ги открие најдлабоките извори и суштинските причини поради кои се појавило нарушувањето и да биде многу успешен во ослободувањето на патот кон здравјето.

Цената за персонализирана терапија со Бачови цветни есенции е 600 денари..

 

За пријавување пополнете ја формата подолу или јавете се на телефон: 075 25 27 24 (Елена)

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!