Продавница

Мастер час: Основи на енергетска работа

9.500 ден

Основи на енергетска работа е високо развиен и моќен систем за работа со енергија (прана). Oвој курс е дизајниран да ве поттикне да го земете вашето здравје во свои раце.

Во овој курс ќе се изучуваат основите за работа со вашето енергетско тело, со вашата аура. Ќе научите да „скенирате“ или да ја чувствувате енергијата, да ја исчистите непотребната енергија и да ги енергизирате со свежа енергија местата што имаат енергетски недостаток.

Ова е „искуствен“ курс за откривање на вашата способност за исцелување. Сите курсеви за енергетска работа се „искуствени“, што значи дека ќе научите да ги применувате техниките за време на курсот на себе и на оние околу вас. За време на предавањето, сите принципи и техники за енергетска работа ќе бидат детално објаснети, така што со практицирање на истите, ќе бидете способни да ја користите енергијата со која ќе можете да си помогнете себеси и на останатите.

Опис

Што ќе научите на овој курс:

  • Што е прана (исто така позната како чи или ки во различни традиции).
  • Како да ја чувствувате, па дури и да ја видите оваа енергија.
  • За вашата енергетска анатомија, која се состои од аура, чакри и меридијани.
  • Улогата на 11-те главни чакри при исцелувањето и помагањето на телото да се регенерира.
  • Да ја скенирате (или чувствувате) аурата и чакрите за да ги забрзате процесите за исцелување на вашето тело.
  • Како систематски да ги отстраните енергетските блокади во аурата и чакрите.
  • Безбедно и правилно да ги енергизирате чакрите и засегнатите делови во телото.
  • Лесно и безбедно да се справите со широк спектар на различни физички состојби, од главоболка до треска, висок крвен притисок, болки во рамото, колената и грбот, кашлица, настинка и др.
  • Чекор-по-чекор техники за третирање на состојби поврзани со респираторниот систем, циркулаторниот систем, гастро-интестиналниот систем, мускулно-скелетниот систем и репродуктивниот систем.
  • Техники на дишење (или Pranic Breathing) за зголемување на нивото на енергија во телото.
  • Како да ги применувате овие техники на исцелување врз самите себе за да си направите третман за само-исцелување.
  • Превентивно исцелување: ќе научите да ги отстраните негативните енергетски обрасци на потенцијална состојба за да ја спречите да се манифестира на физичкото тело.
  • Давање третмани на далечина кога клиентот не е физички достапен пред вас. Ова се заснова на принципот на меѓусебна поврзаност.
  • Како да ја практицирате Медитацијата на срцата близнаци која помага да се постигне внатрешен мир и смиреност, за подобри и поздрави меѓучовечки односи и благосостојба.
  • Законот на кармата и за важноста на градењето на карактерот на секое битие.

Курсот не само што нè учи како да се исцелуваме, туку и како да преземеме одговорност за нашиот живот и да го подобриме на сите нивоа; како да ги подобрите меѓучовечките односи, да го намалиме стресот, да се наполниме со енергија и да станеме поуспешни.

Основи на енергетска работа е прв во серијата курсеви за енергетска работа и е предуслов за сите останати курсеви.

Ви посакуваме добредојде во суптилниот свет на енергијата!

Важни ниформации:
Достапни термини за 2024:

  • 17-18 февруари
  • 11-12 мај
  • 17-18 август
  • 05-06 октомври
  • 07-08 декември

Се одржува за викенди сабота и недела  од 10 часот до 18 часот и двата дена со кратки паузи.
Местото го резервирате со уплата, НАЈДОЦНА 5 дена пред почеток на курсот.