Бесплатно инфо за машко женски односи (работилница) – (28.02)

Бесплатно инфо за машко женски односи (работилница) – (28.02)

Ars Lucida со задоволство ве информира за почеток на новиот циклус интерактивни едукативни работилници. Како прва од овој циклус  ќе биде работилницата на тема:

МАШКО – ЖЕНСКИ ОДНОСИ

Од каде потекнуваат проблемите и конфликтите во односот помеѓу половите? Дали мажите и жените меѓусебно се разликуваат? Кои се нивните разлики, а кои сличности?

По што се препознаваат и како тие се одразуваат во нашата секојдневна комуникација и меѓусебно разбирање?

Некои автори велат дека мажите се од Марс, а жените се од Венера и навистина понекогаш изгледа дека сме сосема различни видови кои не можат да најдат заеднички јазик, а сепак и двете страни сакаат исто – да се разберат еден со друг. (ако е воопшто возможно).   Луѓето, откако постои светот и векот, се обидуваат да проникнат во суштината на разликите меѓу половите. Но и покрај сè, мажите и натаму „не ги разбираат“ жените, а жените и натаму сметаат дека мажите се „затворени“.

Како да се разбуди и зајакне “машкото” во мажот и “женското” во жената?

Како можеме меѓусебно подобро да се вклопиме и да оствариме повеќе задоволства и исполнувања во релацијата со спротивниот пол?

Ова се само дел од прашањата кои се обработуваат на оваа интерактивна работилница. Алатки кои се користат во оваа работилница се моќни алатки на клиринг техниката за личен развиток и тренинг на способности.  Се работи во формат на “дијада” , групна  за разбирање, како и т.н. “ЛИЛА група”,  што навлегува во доменот на квантана психологија.   Ваквиот начин на работа дава можност за практична искуствена работа и непосредни лични доживувања и увиди и личен напредок на оваа теме. Оваа работилница претставува извинредна можност за лична трансформација и напредување во овој многу важен аспект на човековата личност и живеење, како на професионален така и на личен план. 

Работилницата ја води :

Матоска Христинка

Долгогодишен практичар на Клиринг методот за личен и професионален развиток. Покрај индивидуалните сесии, успешно учествува  во група за подршка – дијадни вечери за ментален и духовен фитнес. Повеќе од 4 години е дел  од тимот за  организација и спроведување на викенд работилници на различни теми од секојдневното човеково живеење , на почеток  асистенет на тренерот Десимир Д. Ивановиќ , подоцна советник на тренерот.  Учесник   во интензив за директно искуство.  Во периодот 03-05. 2019г. организира дијадни вечери за ментален и духовен фитнес , како група за подршка. Како овластен проектант  од областа на електротехниката , заштита при работа, заштита на животната средина, енергетска ефикасност, заштита од појава на пожари , управување со човечки ресурси, има зад себе многу реализирани проекти, едукација на млади кадри, во сите овие инжинерски области но и попшироко во целокупното живеење. 

Работилницата се одржува во просториите на:

 Арс Луцида – Центар за личен и професионален развиток

ул. “Јордан Мијалков” бр.2 , 1 кат стан 2 Скопје

Котизација: 60

Дата на одржување : 07-08-09.02.2020г

Во петок на 07.02.2020г безплатно информативно  предвање

Во сабота и недела (08-09.02.2020г) работилница од 10-180часот

 

Контакт: 

 Христинка  Матоска

 тел. 070 292617 :

E-mail: mhristina@yahoo.com;

 fb : Hristinka Matoska

 

Елена Антоновска

Тел: 075 252 724

Е-mail : contact@arslucida.mk

Fb : www.fb.com/arslucidamk

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!