Био-резонантна дијагностика и терапија

Био-резонантна дијагностика и терапија

Метатрон е најсовремен систем за анализа, дијагностика и терапија кој ја одредува моменталната состојба на ткивата и органите во телото. Овозможува превенција на здравјето или третирање на болести преку балансирање на фреквенциите на ќелиите или со подготовка на разни препарати.

Овој систем за дијагностика  многу прецизно и сосема безбедно ги лоцира состојбите во човечкиот систем, наоѓајќи ја основната причина за истите.

Ова е возможно поради тоа што Метатрон ја врши анализата преку промените во резонанцата на телесното ткиво. Секој објект, вклучувајќи ги и органите и ткивата, вибрира со своја, специфична фреквенција или осцилација која е различна од фреквенцијата на останатите објекти. Со Метатрон се детектира (не)совпаѓањето на фреквенциите на секој дел од човечкото тело, орган, ткиво, клетка, ДНК или хемиски елементи. Тој автоматски ги детектира и локализира промените од ниво на клетка до генетско ниво и ги коригира дисбалансите.
Искуството со Метатрон може да ви го промени животот и природно да ве доведе до состојба на совршено здравје и среќен, безгрижен живот.

Што сѐ можете да откриете со проверка на вашата здравствена состојба со користење на Метатрон:


• На што сте алергични или чувствителни?
• Која храна е добра за вас?
• Каква е состојбата во телесни системи, органи, ткива, клетки и ДНК поединечно или целото ваше тело?
• Статусот на вашиот имунитет.
• Како на вашиот систем влијаат бактерии, паразити, габички или вируси?
• Дали имате недостаток од некакви хранливи состојки?
• Дали земате правилни суплементи?
• Дали имате некакво воспаление во телото?
• Зошто енергијата ви е толку ниска?
• Зошто имате тешкотија да ја одржите тежината?
• Зошто сте изморени?
• Како вашиот начин на живот влијае на вашето здравје?
• Кои се вашите генетски/кармички предиспозиции?
• Дали имате тешки метали во телото?
• Дали ви требаат антиоксиданси?
• Дали вашите органи оптимално функционираат?

Зошто да одберете биорезонантна дијагностика и терапија?

• Безбедна
Не предизвикува болка, нема несакани дејства, нуспојави, радикални реакции, нема комплицирани зафати и било каква инванзивност на телото.
• Брза
За само еден час можете да добиете комплетна дијагностика на вашата здравствена состојба и терапија.
• Ефективна
Дава одлични резултати во подобрување на здравствената состојба за многу кратко време.
• Прецизна
Точноста во одредување на здравствената состојба достигнува 80%, во споредба со останатите методи.
• Природна
Во дијагностиката и третирањето со Метатрон се употребува само природната фреквенција на телото и не се вклучени синтетички средства, лекови, инекции, оперативни зафати и сл.
• Безболна
Ваквата дијагностика со Метатрон емитира и прима фреквенции од телото со поставување на слушалки со специјален сензор на ушите, кои не предизвикуваат болка или било каква непријатност.
• Неинвазивна
Нема комплицирани зафати и било каква инвазивност на телото.
• Значително намалени трошоци
Она што можете да го постигнете со Метатрон  ве чини многу помалку време и пари отколку било кој друг начин на дијагностика и терапија.

За цена од 4.000 денари добивате целосен  преглед со Метатрон , комплетен и опширен извештај со препораки .

Дополнително гратис добивате една биорезонантна терапија.
Закажете ја својата сесија на тел.076 47 77 21 кај д-р Добрица Миладинов или на е-маил: contact@arslucida.mk или пополнете ја формата подолу.


Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!