Децата зборуваат за минатите животи

Децата зборуваат за минатите животи

Децата зборуваат за минатите животи

Многу родители пријавуваат дека нивните деца им кажуваат работи кои можат да бидат објаснети само како ситуации од минати животи. Овој феномен беше изучуван и од научници и психолози поради поголемиот број на случаи кои изглегоа на површината во последниве декади. Еве 10 неверојатни работи кои децата им ги кажале на нивните родители за она на што се сеќаваат од нивните претходни животи:

1. Кога мојот син имаше 3 години, ми кажа дека навистина го сака својот нов татко и дека тој е многу добар. Мојот сопруг е неговиот еден и единствен татко. Јас прашав „Зошто е тоа така?“

Мојот син ми одговори: „Мојот стар татко беше навистина злобен. Ме забоде со нож во грбот и јас умрев. Но, навистина си го сакам мојот нов татко, тој никогаш не би ми го направил тоа“.

2. Кога бев малечко девојче, се изгубив кога видов еден човек во продавницата. Тоа беше невообичаено бидејќи генерално бев тивка и убаво се однесував. Никогаш немаше потреба да бидам исфрелена од некаде поради лошо однесување, но тогаш мораше да ја напуштиме продавницата.

Кога мајка ми ме праша што се случило додека влегувавме во автомобилот, јас и кажав дека тој ме украде од мојата прва мајка, ме сокри во подрумот и ме натера да спијам се додека не се разбудив со мојата нова мајка.

Потоа одбив да седнам на седиштето во автомобилот и наместо тоа, инсистирав да се сокријам под контролната табла за да не може да ме најде повторно. Секако, мајка ми тогаш беше избезумена со оглед на тоа дека таа дефинитивно беше мојата биолошка и моја „прва“ мајка.

3. Вадејќи ја нашата 2 ипол годишна ќерка од кадата една ноќ, јас и мојата сопруга и објаснувавме за тоа колку е важно да ги одржува своите приватни делови чисти. На тоа таа како да е нормално ни одговори: „ Ах, никој не ме допира таму. Пробаа еднаш. Ја клоцнаа вратата и пробаа, ама јас се одбранив. Умрев и сега сум тука.“. Таа го кажа тоа како да не е ништо сериозно.

4. „Пред да се родам тука, јас имав сестра така? Таа и мојата друга мајка се многу стари сега. Тие беа во ред кога автомобилот гореше во пламен, но јас сигурно не бев!“.

Кога ова го кажа мојот син имаше 5 или 6 години. Го кажа толку неочекувано.

5. Кога мојата сестра беше малечка, имаше навика да шета околу куќата со врамена фотографија од мојот прадедо во рацете, плачејќи и викајќи „Ми недостигаш Харви.“

Харви почина уште пред јас да се родам. Освен ова, мајка ми ми кажа дека мојата сестра постојано кажувала работи кои мојата прабаба ги кажувала вообичаено.

6. Кога мојата помала сестра почна да зборува, имаше навика да кажува навистина вознемирувачки работи. Имаше навика да ни раскажува за тоа како нејзиното старо семејство ставало работи во неа и правеле таа постојано да плаче, но нејзиниот татко на крајот ја изгорел толку многу што таа после тоа можела да не најде нас, нејзиното ново семејство.

За овие работи таа зборуваше од 2 до 4 години. Беше премногу млада за да биде изложена на ситуации каде што би можела да ги искуси тие работи и затоа моето семејство претпостави дека таа сеуште се сеќава на својот птретходен живот.

7. Помеѓу 2 и 6 години, мојот син имаше навика да ми ја раскажува истата приказна за тоа како ме избрал да бидам негова мајка. Тој раскажуваше нешто за тоа дека бил со некој човек во костум кој му помагал да ја избере мајката која ќе му помогне да ја изврши смисијата на својата душа. Ние никогаш не разговаравме за спиритуалност, ниту тој беше воспитуван во некаква религиозна околина.

Начинот на кој тоа го опиша беше сличен како купување на намирници, дека бил во светла просторија со луѓе кои биле наредени како кукли и тој ме избрал мене. Човекот во костум го прашал дали е сигурен, а тој одговорил потврдно и тогаш бил роден.

Мојот син исто така имаше рана фасцинација со авиони од времето на Втората Светска војна. Можеше да ги идентификува нивните делови, во кои региони биле користени и слично. Сеуште немам никаква идеја за тоа каде би ги добил тие информации. Јас се интересирам за науката, а татко му за математика.

Секогаш го викавме „Дедо“ поради неговото спокојно и претпазливо однесување. Овадете сериозно има стара душа.

8. Кога мојот внук започна да зборува со цели реченици и кажа на мојата сестра и нејзиниот сопруг дека е „многу среќен што ги избрал нив.“ Потоа продолжи да кажува дека пред да стане бебе тој се наоѓал во светла просторија со многу луѓе и тој таму ја избрал својата мајка бидејќи имала убав лик.

9. Мојата постара сестра беше родена истата година кога почина мајката на мојот татко. Според татко ми, сестра ми само што пораснала доволно за да кажува зборови, му велела „Јас сум твојата мајка“.

10. Според мајка ми, кога сум била малечка, сум и раскажувала за тоа како сум умрела во пожар, пред многу, многу време. Јас не се сеќавам на тоа, но еден од моите најголеми стравови е тоа дека мојата куќа ќе се запали. Самата ситуација кога сум околу оган ме плаши.