Донесување одлуки

Донесување одлуки

Донесувањето одлуки е една од најзанемарените навики кои нѐправат слуги или господари над сопствениот живот. Донесувањето одлуки нѐ прави поефикасни, попродуктивни и на крајот задоволни од себе и животот.

Нашиот ден е исполнет со безброј мали, ситни одлуки. Кога да се разбудиме? Што да облечеме? Што ќе јадеме? Што попрво да направам, да одговорам на пораките или да одам на состанок?

Некои од нив се направени свесно, но повеќето се направени по инерција, несвесно. Најважните одлуки вообичаено не ги носиме, затоа што не сакаме (од разни причини), се плашиме да не згрешиме или не сакаме да ја брануваме и така нестабилната животна површина.

При тоа, забораваме на фактот дека недонесувањето одлуки прави да живееме во минимален животен простор, со минимум воздух. Без енергија, без среќа, безуспешно.

Кои сме и кои сакаме да бидеме (или да станеме) во голема мерка е определено од изборот на одлуките кои ги носиме.

Добрата вест е што вештините за донесување одлуки се учат, како и сѐ друго. Имајте на ум, дека овие вештини се многу важни, не носат гаранција дека во секој момент од животот ќе донесуваме правилни одлуки. Но што е правилно, нели? J

  1. Не чекајте, донесете одлука веднаш.
    Секое одолговлекување само го отежнува процесот на донесување на одлука. Под одолговлекување подразбираме сѐ што нѐ одвлекува од одлуката (само уште да го имав ова, ми недостасуваат информации, сакам да се консултирам со повеќе луѓе итн.) Одлуката може да биде адекватна на моменталните услови, или оптимална доколку се познати сите опции помеѓу кои избираме. Како и да е, подобро е да донесеме било каква одлука и да продолжиме понатаму, отколку никаква и да останеме заглавени.
  2. Помалку е повеќе.
    Ние сме способни да процесираме информации многу брзо, да донесеме одлука во даден момент и со ограничено знаење, односно го земаме во предвид она што во моментот нѝ е достапно. Не нѝ се потребни научни студии за да решиме нешто. Тоа само ги комплицира нештата, нѐ врти во круг, троши време и не води никаде. Верувајте им на своите инстинкти.
  3. Три вида на интуиција.

Интуицијата е нешто за што во последно време многу се зборува, а се сведува на нашето внатрешно чувство за нешто.
Обичната интуиција е само тоа, чувство, инстинкт. Експертската интуиција е брзо размислување и сумирање на информациите со пронаоѓање на слични обрасци кај познати ситуации. Таа доаѓа со искуство.

Стратешката интуиција е многу повеќе од чувство, таа е чиста и јасна мисла, директно знаење или увид кој доаѓа одеднаш, и се јавува кај нови ситуации кога ви е потребна најдобрата идеја. Увидите доаѓаат само за момент и понекогаш се чека на тој момент. Креативните моменти се вредни за чекање.

Потребно е да се најде рамнотежа во употребата на искуството и креативните нови идеи за да се постигне постојан напредок и да се носат вистински одлуки.

  • Побарајте и почитувајте го искуството, своето и туѓото.
    Особено животното искуство. Луѓето со богато животно искуство се полни со мудрост и примери кои можете да ги искористите и примените секогаш кога сте соочени со тешка одлука и несигурност. Мудроста на другите луѓе, без оглед на разликите, може да ви донесе бенефит повеќе од било кое истражување.
  • Бирајте ги своите битки.

Некои одлуки вреди да ги донесете и да трошите време и енергија на нив, но некои и не. Една изрека ми е мене омилена во последно време: „Јас не морам сѐ да знам, а и не морам со сѐ да се занимавам.“
Фокусот на она што ви е важно е клучен за донесување вистински одлуки. Прашувајте се редовно дали нештата се навистина важни и доколку не се…

Престанете да се оптеретувате со нив и само направете нешто!

Претходен напис
Бачови цветни есенции
Следен напис
Значење на болестите