Елена Антоновска е Професионален сертифициран коуч акредитиран од Интернационалната коучинг федерација (ICF – PCC), тренер и сопственик на Ars Lucida – Coaching & Training
Таа е и ментор и мастер учител за личен и професионален развој, при што листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: CEFE trainer, High Performance Team Coach, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, и тн.
Нејзиното професионално искуство е стекнато во разни бизнис опкружувања, од државни институции, осигурување, односи со јавност и независна работа на полето на личниот и професионалниот развој, комуникација и коучинг, претприемништво и практични пристапи кон духовноста, енергетската пракса и само-реализацијата.
Од 2007 година нејзиниот професионален правец е потполно ориентиран кон личниот развој и трајната трансформација на поединците и групите, кога за прв пат е основан Центар за личен развој, во кој, во тоа време, беа вклучени само методи на личен развој.
Во меѓувреме ја проширува својата работа во бизнис контекст, во полето на корпоративни и отворени тренинзи од областа на комуникација, продажба и менаџерски вештини, коучинг насочен кон решенија, НЛП, алатки за проценка и обуки за претприемништво.
Денес, Ars Lucida – Coaching & Training во Скопје е местото каде се применуваат вештини, техники, методи и знаења кои ги покриваат сите аспекти на човекот како целина. Активностите во центарот се базирани на мотивација, инспирација, предизвик, поддршка и помош во процесот на самореализација, промена и успех. Спојот на древни и модерни знаења, аплициран во секојдневниот живот, овозможува многу широко делување и опфаќа различни целни групи, а знаењето се пренесува преку индивидуална работа, обуки и работилници од областа на личниот и професионалниот развој.
Во март 2017 година е прогласена за најуспешна жена менаџер за 2016 година од областа на личниот и професионалниот развој.