Изјава

Важи за сите информации на оваа страница и за сите понудени услуги, производи и курсеви.

Ниту една услуга, курс или производ понудени од Арс Луцида не се наменети, на кој било начин (упатен, експлицитен, имплицитен) да ја заменат потребата од конвенционална медицинска нега дадена од вашиот лекар.

Нашите комплементарно-алтернативни пристапи се наменети да ги надополнуваат конвенционалните медицински методи.

Комплементарната и конвенционалната медицината (исцелување и лекување) се две различни дисциплини.

Секогаш треба да побарате медицински совет од квалификуван лекар или практичар во случај на сериозна болест. Сите објавени информации, услуги и обуки се нудат со добра волја и мисла. Арс Луцида не може да прифати одговорност за каква било болест што произлегува од посетителот, клиентот или учесникот.

Ве советуваме да не прекинувате, додавате, или менувате било каков лек или конвенционален третман, без упатства, согласност и упатства од вашиот лекар. Ве советуваме да побарате грижа од лекар за какви било физички, ментални или емоционални проблеми.

Сите услуги од Арс Луцида се нудат со добра волја и нивното користење е лична одговорност и дискреционо право.  Не треба да се толкуваат како „предвидување, јасновидост“  или да го заземат местото на психотерапијата или психијатриската нега.

Вие ја имате целата одговорност да се исцелувате и да се лекувате од било што. Услугите, производите и курсевите понудени овде се наменети да се користат како алатки, водичи и поддршка за вас во вашиот процес на само-заздравување, личен, духовен и професионален развој.

Во однос на сите курсеви/обуки/тренинзи/работилници понудени од Арс Луцида:

  • Не можеме да ги гарантираме вашите резултати, приходи или исходи.
  • Исто така, важно е да се разбере дека минатите резултати не се показател за можни идни резултати.
  • Многу фактори ќе бидат важни за одредување на вашите вистински резултати и не се дава гаранција дека ќе постигнете исти или слични резултати на некоја друга личност. Не се дава гаранција дека воопшто ќе постигнете резултат од идеите во нашите материјали.
  • Успехот на секоја личност се заснова на многу фактори, вклучувајќи ја нивната поранешна пракса, нивната способност, нивната посветеност, желба, мотивација и времето што можат и ќе го посветат на постигнување на нивниот успех.
  • Нема гаранција дека ќе заработите пари користејќи некоја од идеите, методите, техниките или советите презентирани во нашите материјали. Сите дадени примери не треба да се толкуваат како ветување или гаранција за заработка или резултати.