Како да „пораснете“ спиритуално разбудени деца

Како да „пораснете“ спиритуално разбудени деца

Децата се раѓаат со отворени срцеви чакри, совршена рамнотежа на енергија на љубов која е ненарушена, недопрена и неповредена. Најчесто во овој физички свет ние учиме за емоционалните трауми и пресврти од „болките кои растат“. Потребна е храброст да се дојде во оваа димензија и да се соочиме со борбите кои претстојат во овој свет. Сите ние сме тука. Сите ние сме тука во овој сегашен момент учејќи и пронаоѓајќи ги емоционалните тешкотии во нашата потрага за духовно исполнување и радост. Со тоа што ќе се поврземе со изворот на создавање додека сме тука, ние ќе ја искусиме состојбата на нашето духовно и вечно постоење.

Без разлика дали вие го разбирате или не, сите наши деца се раѓаат со дополнителна сетилна способност. Изразени или неизразени, сите деца поседуваат посебни дарби и се нарекуваат „духовно будни деца“. Доколку не ги негуваме овие природни дарби, детето во текот на времето ги губи истите.

Како знаеме дали секое дете ги поседува овие дарби? Ова е многу едноставно, бидејќи сите способности на пример, ментална свесност, телепатија, видовитост итн. се стимулирани од страна на срцевиот центар или срцевата чакра. Доколку го познавате вашето срце тогаш ќе бидете способни да ги подарите овие дарби на светот. Интуицијата е основата на нашата конекција со езотеричните и интуитивните стебла од чувства кои се создаваат во нашиот срцев центар или срцева чакра.

Доколку сакаме да одгледаме духовно будно дете ние мораме да бидеме подготвени во чекорите за тоа како да одгледаме дете со висока емоционална интелигенција.

Следниве чекори се есенцијални во осигурување на поттикнување на духовен развој на нашите деца, а со тоа ние ќе поттикнеме и промена во духовното општество во иднина.

1. Научете ги децата дека емоциите се добри

Емоциите на бес, грижа, тага, радост и среќа, сите мораат да бидат прифатени. Со тоа што ги учиме нашите деца дека не е добро да бидеме лути, ние ги учиме да ги потиснуваат емоциите. Кога ги потиснуваме нашите емоции, ние ги прибираме внатре и остануваат неразрешени емоции и со тоа ни го блокираат срцевиот центар. Сите емоции и чувства треба да се изразат на здрави начини.

Ова се 3 – те чекори што може да ги примените доколку вашето дете е луто или фрустрирано

1. Идентификувајте ја емоцијата

2. Поставете ја емоцијата на прво место и дозволете му на вашето дете да го разбере чувството на бес или фрустрација.

3. Дадете му на вашето дете здрав начин како да ја ослободи емоцијата. На пример, доколку вашето дете е луто, дозволете му да извика „ЈАС СУМ ЛУТ“. Дозволете му нека извика неколку пати се додека бесот не се ослободи.

Со тоа што го правите ова, кога ќе завршат, обично се завршува со смеење. Верувајте децата знаат како да се насмеат на себе си, вие сте им дале здрав начин на исфрлање и со ова тие ќе се почувствуваат добро откако ќе го разберат ова.

2. Отстранете ги програмите на добро и лошо однесување

Добро момче! Лошо момче! Отстранете ги овие реченици од вашиот речник! – Со тоа што ќе ги научите децата дека ќе бидат добри или лоши, вие поставувате процес на оттргнување од самите себеси. Почнуваат да се гледаат од позиција на его. Така ние го раѓаме ангелот на нашето десно рамо и ѓаволот на нашето лево рамо. Не постои ниту ангел ниту ѓавол, постојат само добри и лоши дела. Ние треба да се фокусираме на делото, а не на детето. Ние кажуваме и правиме работи што можат да ги повредат другите или нас. Ние треба да ја направиме корекцијата на делото, а не на детето.

3. Ислушајте ги

Ова може да изгледа доста обично, но е многу подлабоко. Децата кажуваат работи и ние мислиме дека тие само кажуваат работи бидејќи се деца и тие можат да кажат било што. Кога вие ќе слушате и кога ќе почнете да обрнувате внимание, вие ќе почнете да забележувате ниски интуитивни способности. Вашата работа е да ги пронајдете овие интуитивни способности и ваша работа е да ги негувате овие способности за да го дадат нивниот подарок на светот. Не се смеете и не отфрлајте го она што тие сакаат да ви го кажат, без разлика колку нереалистично тоа звучи. Можете многу да научите од вашето дете и доколку научите да примате без да го осудувате или рационализирате она што тие ќе го кажат вие можете да погледнете подалеку од велот. Тоа е вашето програмирање кое рационализира, децата не лажат.

4. Тие имаат подарок кој треба да му го дадат на светот

Потребно е да знаете дека вашето дете не е само „ваше дете“, вашето дете е тука со цел, поради повик на душата, за мисија  која треба да ја заврши. За да го препознае ова, потребно е да му го дадеме времето на нашето дете. Бидејќи нашето време е најскапиот подарок што можеме да им го подариме на нашите деца. Кога ќе го направите ова, ќе знаете зошто.

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!