Комуникациски вештини (работилница) (25-26.04)

Комуникациски вештини (работилница) (25-26.04)

Ars Lucida со задоволство ве информира за почеток на новиот циклус интерактивни едукативни работилници. Наредна работилница од овој циклус  ќе биде работилницата на тема:

                                       РАЗВИТОК НА КОМУНИКАЦИСКИ СПОСОБНОСТИ

Што е комуникација? – Одговорот на ова прашање не е така едноставен. Терминот комуникација потекнува латинскиот збор comunicare што значи заеднички да се соопшти нешто. Една од прифатените дефиниции е : Комуникација е двосмерен процес при  интеракција меѓу луѓето , во текот на  што зборуваме , активно слушаме и размислуваме. Исто така прифатена дефиниција за тоа што е комуникација е : Комуникацијата е пренос на информации од една на друга личност. Во суштина за задоволување на повеќето потреби на човекот , како и се она што не чини луѓе во својата основа  има комуникација. Било да работиме, или муабетиме со пријателите, или навиваме на утакмица … ние комуницираме. Човечката потреба за љубов и блискост  настанува како резултат на комуникација. Преку комуникацијата се запознаваме себе и го пронаоѓаме своето место и улога во општеството, учиме за другите . Многу луѓе во денешно време се соочуваат со низа потешкотии и предизвици во секојдневниот живот, како во професионалниот така и во личниот живот кои во својата основа се од комуникациска природа.

 

Како да ја унапредиме сопствената способност за комуникација? – Како ефикасно да се соочуваме со другите и подобро да се претставиме себе , своите идеи, животни вредности, интереси и цели, но и своите емоции и чувства, низ релација “лице во лице” со различни луѓе  во личната или професионална комуникација. Како да да ги  откриеме  и корегираме  сопствените комуникациски слабости и мани.

Ова се само дел од прашањата кои се обработуваат на оваа интерактивна работилница. Алатки кои се користат во оваа работилница се моќни алатки на клиринг техниката за личен развиток и тренинг на способности.  Се работи во формат на “дијада” , групна  за разбирање, како и т.н. “ЛИЛА група”,  што навлегува во доменот на квантана психологија.   Ваквиот начин на работа дава можност за практична искуствена работа и непосредни лични доживувања и увиди и личен напредок на оваа теме. Оваа работилница претставува извинредна можност за лична трансформација и напредување и усовршување на комуникационите вештини, како на професионален така и на личен план. 

 

Работилницата ја води :

Матоска Христинка,деи

Долгогодишен практичар на Клиринг методот за личен и професионален развиток. Покрај индивидуалните сесии, успешно учествува  во група за подршка – дијадни вечери за ментален и духовен фитнес. Повеќе од 4 години е дел  од тимот за  организација и спроведување на викенд работилници на различни теми од секојдневното човеково живеење , на почеток  асистенет на тренерот Десимир Д. Ивановиќ , подоцна како советник .  Учесник  е во интензив за директно искуство.  Во периодот 03-05. 2019г. организира дијадни вечери за ментален и духовен фитнес , како група за подршка. Како овластен проектант  од областа на електротехниката , заштита при работа, заштита на животната средина, енергетска ефикасност, заштита од појава на пожари , управување со човечки ресурси, има зад себе многу реализирани проекти, едукација на млади кадри, во сите овие инжинерски области но и попшироко во целокупното живеење. 

Работилницата се одржува во просториите на:

 Арс Луцида – Центар за личен и професионален развиток

ул. “Јордан Мијалков” бр.2 , 1 кат стан 2 Скопје

 

Котизација: 60

 

Дата на одржување : 03/04/05.04.2020г

Во петок на 03.04.2020г безплатно информативно  предвање

Во сабота и недела (04-05.04.2020г) работилница од 10-18часот

 

Контакт:

 Христинка  Матоска

 тел. 070 292617 :

E-mail: mhristina@yahoo.com;

 fb : Hristinka Matoska

 

Елена Антоновска

Тел: 075 252 724

Е-mail : contact@arslucida.mk

Fb : www.fb.com/arslucidamk