ЛЕКУВАЊЕТО СО ПРАНА ПАТ ДО УМЕРЕН, ИСПОЛНЕТ И СРЕЌЕН ЖИВОТ

ЛЕКУВАЊЕТО СО ПРАНА ПАТ ДО УМЕРЕН, ИСПОЛНЕТ И СРЕЌЕН ЖИВОТ

Медитација

” Медитацијата се повеќе се признава како вежба која ги надминува културните и религиозните граници и им нуди на практикантите можност за директен контакт со вистината за нивното битие.

Медитацијата е практика која ги надминува догмите на сите религии.

Во исто време таа е суштина на сите религии.” – Sogyal Rinpoche

Медитацијата е духовен тренинг и е илјада годишна уметност на Истокот. Нејзината цел е да се постигне контрола и смирување на негативните емоции, од една страна, а од друга е развој на нашите повисоки способности, без кои разбирањето на длабоките духовни вистини не е можно. Таа има прочистувачки ефект врз негативните тенденции кои ги поседуваме, со што го забрзува процесот на еволуција на човекот.

Внатрешната бучава не спречува да осознаеме кои сме ние навистина. Потребно е регулирање на нашите мисли и емоции! Облакот на мисли и емоции во енергетското тело е како густ, цврст оклоп, го замаглува погледот, слично како кога носите темни наочари. Ова не спречува да размислуваме јасно и да живееме среќно.

Во Лекувањето со Прана, Медитацијата на Срцата близнаци е напредна медитативна техника, која со редовна практика доведува до физичка, емотивна и ментална хармонија. Ќе доживеете на внатрешен мир и спокој, ќе станете моќен исцелител и ќе ја зголемите вашата чувствителност.

Медитацијата на Срцата близнаци е истовремено непроценлива форма на светска служба преку благослов на Мајката Земја со љубов и нежност, мир, радост и добра волја.

Секако, постојат различни медитативни форми. Една од нив е и молитвата.

Потребно е да се знае, дека различни видови на прочистувања се потребни на физичко, емотивно, ментално ниво, поради фактот што медитацијата носи раст на се што постои во нас, без оглед дали е лошо или добро.

Еден од овие аспекти е развивањето и унапредувањето на квалитетите на нашиот карактер. Тоа ќе обезбеди да бидеме исполнети љубов, милост, светлина, оплеменети со искреност, дарежливост, умереност, константност,  и истото да го пренесуваме на оние околу нас, давајќи им помош, подршка, знаење, добронамерност, вистина.

Медитирајте заради себе и бидете поблиску до светлината, која е секогаш присутна. Колку светлина ќе се појави зависи од вас…