„Бидејќи билките ги лекуваат нашите стравови, вознемиреноста, грижите, нашите грешки и неуспеси, нив треба да ги пронајдеме, и притоа болеста, без оглед каква и да е, ќе нe напушти. Според тоа, зад секоја болест се кријат нашите стравови, вознемиреноста, нашата алчност, нашите желби и одбивните работи. Ајде да ги пронајдеме и да ги излекуваме, а со нив ќе исчезнат и болестите од кои страдаме. При третирањето со овие лековити билки не се обрнува внимание на природата и на видот на болеста. Се третира личноста, така што болеста исчезнува со нејзиното подобрување, отфрлена поради подобрувањето на општата здравствена состојба. Познато е дека иста болест може да има различни ефекти кај различни луѓе; она што треба да се третира е ефектот, бидејќи тој ќе нe одведе до вистинската причина.“
- Д-р Едвард Бач