Балансирана и хармонизирана енергија води до здравје (од наука до езотерија)

Само отворен ум може да го спознае Универзумот.

Кога сме во баланс, телото поефикасно ги елиминира токсините и негативноста кои ги забавуваат или блокираат природните биохемиски процеси во телото. Она што е потребно е да се врати природниот енергетски тек. Ние најчесто не успеваме да разбере дека нашето тело знае да се грижи за себе. А ние само го спречуваме во тоа. Се храниме погрешно, се преработуваме, забораваме да се одмараме. Го изложуваме на стрес и негативност, се држиме за емоции и мисли кои прават краток спој во енергетскиот тек, а сето тоа предизвикува слабост и дисбаланс.

Некои атернативни третмани директно целат кон промена или баланс на електричните струења во телото преку технологија. Со враќање на балансот во електричните струења во телото, медицината ја користи оваа технологија за ослободување од болка, повреда и болест.

Еден друг начин на енергетско третирање вклучува влијание врз енергетскиот систем (енергетско тело, чакри, меридијани) кој се наоѓа околу физичкото тело и промена на неговите фреквенции. Енергетските методи држат до мислењето дека човечкото тело е физичкото јадро на неколку енергетски слоеви кои вибрираат на високи фреквенции. Првиот слој најблизок до физичкото тело е наречен етерично тело и е образец или калап за физичкото тело. Прв пат е забележано преку Кирлиановата фотографија на која може да се види енергетската обвивка околу физичкото тело.

Ова широко познато верување дека манифестацијата започнува во енергетската димензија, а потоа се манифестира на физички, емоционален и ментален план е подржано и од научни истражувања во областа на квантната физика и зстражувањата на влијанието на човечката свесност и мислите врз материјата. Такашто, со влијание и промена на енергијата или образецот на нашето тело можеме да влијаеме и на физичкото тело, а и на секоја емоционална или ментална состојба. Овој механизам стои и позади психо-соматските болести, но и зад енергетските методи.

Со примена на многуте методи на енергетско третирање кои ги користиме во Арс Луцида можете:

  • Да се здобиете со мир, самодоверба, баланс и здравје
  • Да се ослободите од стрес, вознемиреност, физичка и психолошка болка
  • Да се здобиете со ментална јасност, емоционална стабилност и да креирате живот каков што посакувате за себе.


Закажете индивидуална сесија или пријавете се за еден од курсевите за енергетска пракса овде

Закажи термин

Пополнете ги информациите во формата и закажете го вашиот термин

  • Телефон & Viber : 075252724‬

Услуга и Време

Ваши податоци