Сѐ што постои е направено од енергија и е подложно на нејзините закони и принципи. Доколку разбереме како енергијата функционира, ќе ги разбереме механизмите според кои нештата се случуваат и со тоа подобро ќе го управуваме сопствениот живот.
Животните предизвици како што се стрес, страв, тага, осаменост, расправии и слично, влијаат на енергијата во нашата аура и ја прават замаглена, дисбалансирана и полна со дупки и сива енергија. Долгорочно, ова се одразува како болка, непријатност, физички и психолошки состојби. Бидејќи физичкото и енергетското тело се нераскинливо поврзани, она што влијае на едното, влијае и на другото.
Pranic Healing ја објаснува науката зад енергетски базираните третмани, подржано со илјадници истражувања и сведочења од сите страни на светот. Нѐ учи за енергетската анатомија, чакрите, енергетските канали, аурата и како тие влијаат на физичкото и психолошкото здравје.