Emotional Freedom Techniques

Мирот е нешто што доаѓа однатре.

Создаден од вашата подготвеност да се прифатите.

EFT се занимава со емоционалните проблеми, кои најчесто се причина за вознемиреност кај луѓето. Разрешувањето на овие проблеми доведува до подобрување на физички план. EFT е многу поразличен од конвенционалните терапии и токму затоа често функционира во оние случаи кога ништо друго не помага.

Тапкањето во EFT може значајно да ги подобри вашето емоционално здравје, вашата способност да привлекувате изобилство, вашата среќа и вашиот живот така што ќе ги смени обрасците кои управуваат со вашето здравје, успех и среќа.

Некои од ефектите на EFT се:

  • ја отстранува вознемиреноста
  • ги отстранува последиците од траума
  • ги елиминира гневот и лутината
  • ја ублажува депресијата
  • го подобрува перформансите во работата, спортот, креативните активности, учењето
  • ги менува личните убедувања, однесувања и чувства кои нè ограничуваат
  • ги ублажува физичките и здравствените проблеми
  • ја намалува телесната тежина
  • драматично ги намалува негативните емоции
  • ги подобрува или сосема ги отстранува лошите навики и однесувања
  • ја зголемува способноста да се успее, да се сака и да се ужива во животот

Но, веројатно најмоќниот аспект на EFT е тоа дека можете да го правите сами за да го промените сопствениот живот. Кога ќе научите сами да го правите процесот, ќе се здобиете со моќ и одговорност брзо да го подобрите вашиот сопствен живот.