Да, Јога е секвенци од положби…
Но,чекај малку, тоа е само еден така малечок аспект од тоа што навистина е Јогата!
Бидејќи Јога е некогаш длабоко истегнување на Јога простирката, сепак некогаш е длабоко престојување некаде во длабочините на одаите на нашиот ум…
Понекогаш е длабоко прегрнување на нашите најинтензивни складишта на емоции на дното од океанот на нашите срца…
Понекогаш е тивко седење во спокојство кога се внатре и надвор мириса и изгледа на дива бура…
Понекогаш е здрави закуски и оброци, учења и пракси…
Понекогаш е некои задоволства на вината и свесното набљудување на коренот на нашата потреба за нив…
Понекогаш е нежно прифаќање на некаква заканувачка болка…
Понекогаш е плачење на глас на некои стари закопани плачови…
Понекогаш е смеење до солзи и болка во стомакот поради дозволата да искусиме невина радост во потполност…
Понекогаш е лижење на рани кои сеуште заздравуваат,оние невидливите…
Понекогаш е практицирање на техники за дишење за да се надминат предизвикувачки тешки времиња…
Понекогаш е вкочанување на било какво човечко искуство кое е премногу за да се поднесе и потоа контемплација на нашите лични методи и механизми за справување, како и место на потекло на сето тоа…