Масажа

Масажата е еден од најстарите методи која постојано се дополнува се збогатува со нови техники и е  претставена преку  манипулации на меките ткива за терапевтски цели. Денес постојат различни апарати за масажа, но рачната масажа посебно се издвојува заради терапевтско, дијагностичко и психолошкото влијание врз клиентот.  Кога имаме болка инстинктивно го трламе болното место, затоа и податоците за употреба на масажа датираат од многу одамна.

Масажата ја употребувале во Египет, Персија,старите Грци и Римјани како метода за лечење и при повреди. Познатите лекари Хипократ и Гален ј препорачувале масажата како метод за лекување.

Според дејството масажата може да се подели на: медицинска, хигиенска, спортска, планто масажа (масажа на стапала), акупресурна масажа, масажа за лимфна дренажа.

 

Во поново време има и други поделби на масажата во кои како  една во нив е и реики масажата.

woman-having-back-massage-2ZPXAN8

Масажата може да претставува основна терапија или надополнување со другите терапевтски техники.

Корисна е за сите аспекти од човечкото тело и се препорачува кај состојби кои го попречуваат здравото функционирање на локомоторниот систем, деформитети, контрактури (ограниченост на движењата во зглобовите), мускулна хипотрофија, воспаленост на тетивите, мускулни истегнувања, и едноставно кога сакате само да се опуштите од секојдневниот стрес.

Ги намалува грчевите, отоците во зглобовите,ги ублажува ревматските потешкотии. Подобрува или олеснува во процесот на дишење, ја подобрува циркулацијата.

Делува смирувачки ,ги намалува главоболките, мигрената. Помага во јакнење на имунитетот, делува на хармонизирање на работата на внатрешните органи и општо на целото тело . И најбитно,има антистресно дејство, го подобрува расположението, а со тоа се подобрува целокупната  ваша виталност.