Медитација

За да се разбере немерливото, умот мора да биде извонредно тивок, мирен.

Во нашиот секојдневен живот постојано сме преокупирани со сетилни дразби, размислување, анализирање, чувствување, правење на секакви мисловни активности; никогаш не сме вистински смирени, често сме во брзање, под стрес, исполнети со постојано внатрешно дрдорење. Сепак, навидум случајно, некогаш ни се случува да постигнеме состојба на смирен ум, испразнет од мисли. На сите ни се случило да се опуштиме гледајќи го убавото зајдисонце, дозволувајќи им на мислите да се стишаат, што е блиску до медитација. Или пак, ако при читањето на некоја книга за момент ја оставиме и само седиме мирно и тивко неколку минути без ништо да размислуваме, тоа исто така е нешто слично на медитација. Во овие кратки моменти кога нашиот ум не е рефлективен, односно не е зафатен со какви и да било мисли, кога сме само присутни во сегашниот миг, доаѓаме многу блиску до тоа „јас“ или (со други зборови) се поставуваме во центарот на нашето „јас“. А оваа поврзаност со сопството ни носи мир, среќа и радост. Иако само за еден миг, нашиот ум станува мирен, спокоен и фокусиран.

Медитација е систематски начин на достигнување на гореспоменатите случајни или повремени средби со сопството, со цел трајно да се добијат нивните благодети.

Медитацијата, ако се прави редовно, може да направи чуда. Еве неколку основни придобивки што можат да се добијат со редовна медитација:

  • Фокусирање на сегашниот миг и контрола на умот и емоциите.
  • Согледување на причинско-последичните врски помеѓу мислите, ставовите, впечатоците, чувствата, телесните состојби и однесувањата.
  • Променет став кон животот, благодарност за добрите дела на другите, уживање во малите мигови на среќа.
  • Јасно согледување на пошироката перспектива наместо фокусирање на ситните секојдневни проблеми.
  • Прифаќање на сите нешта коишто не се такви какви што би сакале да бидат.
  • Разбирање на останатите луѓе.
  • Подобрена внатрешна способност за решавање на комплексни проблеми.
  • Ослободување од стресот.
  • Зголемена концентрација, самопочит, спонтаност, креативност и свесност.

И многу, многу повеќе...


Покрај тоа, со редовна примена на длабоко дишење, длабока релаксација и физички вежби во нашиот живот, можеме да изградиме цврста основа за понатамошно здравје и изобилство на телесна и психичка енергија. Без оглед на тоа колку сме зафатени во секојдневниот живот, со помош на овие три нешта, не само што ќе можеме лесно да се справиме со животните предизвици, туку и да си обезбедиме постојан духовен развој преку редовно медитирање.

Постојат различни видови на медитација:

  • Meditation on Twin Hearts (Медитација на срцата близнаци)
  • Meditation of the Blue Pearl (Медитација на синиот бисер)
  • 'Here and now' Meditation („Сега и тука“ медитација)
  • Vipassana (Випасана)
  • Meditation of Gautama Buddha (Медитацијата на Гаутама Буда)
  • Mantra Meditation (Мантра медитација)
  • Dynamic Meditation (Динамична медитација)
  • Zen Meditation (Зен медитација)
  • Energy Meditation (Енергетска медитација)
  • Transcendental Meditation (Трансцедентална медитација) итн.

Ве покануваме да медитирате и да го одберете стилот на медитација што најмногу ќе ви одговара. Потребно е време, но личното искуство е тоа што се важи.

Секој може да медитира...