Нехипнотичка регресија

Она на што му се опирате, опстојува.

Она што нехипнотичката регресија може да нѝ овозможи е преглед на минатите животи до детали кои самите сакаме да ги видиме, но животните приказни кои ги гледаме не се толку важни во смисла што сме биле, колку што е значајно искуството на самите души, модели на однесувања, реакции, размислувања, постапки, случувања кои се условени со туѓи одлуки, а се однесуваат на нас, нашите реакции кон другите и на крајот какво нѝ е чувството на исполнетост во тој живот, дали сме ја извршиле нашата задача потполно, делумно или сме ја пренеле понатаму во некој живот подоцна.

Начинот на кој го доживуваме гледањето на минатите животи изгледа како да фантазираме. Со оглед на тоа дека сме свесни за сè, не е необично така и да се чувствуваме, но честопати се наоѓаме во такви животни приказни за кои не би сакале да фантазираме доколку тоа навистина свесно го бираме.

Нехипнотичката регресија е чисто сеќавање на душите на нешто што е веќе доживеано, а се појавува во таа форма затоа што свеста и потсвеста се изедначени. Некои тоа го викаат проширена состојба на свеста, но тоа е сепак нешто подлабоко.

Во регресијата треба да се впуштиме кога:

  • имаме проблеми кои не можеме на ниеден начин да ги решиме,
  • постојано нѝ се повторуваат ситуации во животот, на пример: добиваме отказ, сите бизниси нѝ пропаѓаат, сите врски нѝ завршуваат...
  • имаме напорен или зависнички однос со некоја блиска личност, родител, партнер, брат или сестра...
  • баш не нѝ се живее или имаме чувство дека не припаѓаме на ова време
  • не ја знаеме својата животна цел и која професија би можеле да ја избереме
  • не сме сигурни во изборот на партнерот, работата или местото на живеење
  • во нас се всадени стравови кои не можеме да си ги објасниме на нормален начин,
  • нѐ мачат прашања за љубовен неуспех или неуспех на работното место,
  • интензивни здравствени проблеми или страв од смрт
  • кога сакаме да работиме на себе во смисла на духовно градење.


Само еден позитивен одговор е доволна причина да ја изберете оваа метода.

Всушност регресија се препорачува на секој кој сака одговор повеќе, бидејќи по пат на истата можеме многу да дознаеме за патот по кој чекорела нашата душа, за нејзините искуства за сè што сме донеле со себе во овој живот. Увидот во минатите животи може да нѝ го скрати патот на решавање на кармичките опашки кои ги влечеме со себе. Ако видиме што бил основниот проблем во минатиот живот, па уште ако најдеме некои паралели со сегашниот и сфатиме дека можеби повторуваме некои грешки, тоа можеме многу побрзо да почнеме да го менуваме откако ќе видиме каде се корените на сето тоа.

Една сесија на нехипнотичка регресија трае околу 2 часа. Во таа сесија клиентот поминува од 1 – 3 минати животи. Помеѓу минатите животи се поминува низ искуството на смрт (што е многу пријатно чувство). Потоа следи разговор со духовниот водич или Повисокото Јас со совети за сегашниот живот, а на крајот правиме процес на емоционално прочистување, после кој се враќаме во сегашниот момент.

Клиентот лежи, со затворени очи, покриени со марама, а сликите од минатите животи ги гледа и емоционално ги преживува. При тоа, не се губи свеста за себе. Тоа е како состојбата пред заспивање, кога нѝ се движат слики пред очите, а сеуште не сме заспале. Методата е сигурна и многу пријатна.

Целата постапка се снима.