Невролингвистичко програмирање

Промената е процес, не е настан.

НЛП е извонреден сет на вештини кои можете да ги научите, применувате, а и најважно да станете многу, многу посвесни за себе и за се друго.

Намените и бенефитите на НЛП се бројни.

Личен развој

НЛП може да нѝ помогне да надминеме мали и големи предизвици во животот, без оглед дали тоа значи надминување на проблеми или зголемување на перформансите, на пример да:

  • Промениме, усвоиме и елиминираме одредени однесување
  • Избереме ментални, емоционални и физички состојби во секое време
  • Отстраниме ограничувачки убедувања
  • Комуницираме ефективно со другите и со себе
  • Пристапиме кон моќни интерни ресурси
  • Постигнеме сакани резултати
  • Живееме како што заслужуваме!
  • Access powerful internal resources
  • Get the results you want
  • Lead the life you want and deserve!


Во превод, да бидете она што сте, да правите што сакате и да имате што сакате, приватно или професионално.

Бизнис

НЛП е екстремно популарно во бизнис светот, каде се користат различни НЛП техники со цел постигнување на извонредни резултати и брзо:

  • унапредување на односите помеѓу вработените и менаџментот и мотивациското лидерство
  • градење доверба со вработените, клиентите и добавувачите
  • ефективна комуникација со вработените, клиентите и добавувачите
  • развивање на презентациски вештини кои создаваат вистинска конекција со публиката и ве позиционираат над конкуренцијата
  • водење на состаноци ориентирани кон акција – максимизирање на времето и резултатите
  • одбирање на вистинската личност за вистинската работа во вистинско време
  • користење на стратегии за да се зголемат можностите за купопродажба
  • совладување на напредни техники за преговарање и влијание
  • примена на ефективни техники за решавање на проблеми
  • оптимизирање на продажбата
  • отстранување на ограничувачките уверувања кај себе и тимот за постигнување на оптимални резултати.
Тоа значи:

  • Зголемена ефективност и продуктивност
  • Подобри работни перформанси
  • Повеќе време за фокус на резултати
  • Позадоволни и мотивирани вработени
  • Развој на вработените
  • Редуцирање на промените во работната сила
  • Позадоволни клиенти
  • Зголемено ментално и емоционално здравје.

Здравје

Конекцијата меѓу умот, емоциите и телото создава промени во здравствената состојба на човекот во зависност од интерната состојба, во позитивен или негативен правец. НЛП е вреден сет на техники кој може да им послужи и на здравствените работници и индивидуи кои се стремат кон севкупна добросостојба.

  • Го подобрува здравјето
  • Смалува стрес
  • Ја зголемува енергијата
  • Ја ангажира способноста на умот да го исцелува телото
  • Го менува менталниот склоп.