Process Communication Mode (PCM)

Откријте ја Вештината на Адаптивната комуникација.

Сменете го начинот на кој комуницирате со вашите пријатели, семејството и колегите.

Недоразбирањето се случува кога луѓето не комуницираат на начин кој е соодветен за другиот тип на личност. Така се намалува продуктивноста, што може да ја оштети компанијата финансиски, а ги води индивидуите во различни степени на стрес.

Секој тип на личност има свои знаци на стрес кои го издаваат. PCM помага не само да го препознаете ова однесување кај другите и кај себеси, туку истовремено дава алатки да се вратите назад кон продуктивна ефикасна комуникација.

ВРЕДНОСТА НА PCM

  • Адаптивни Комуникациски Вештини
  • Позитивни Лични конекции
  • Ефикасно раководење
  • Зголемена Оперативна Ефективност
  • Градење на Лично влијание
  • Градење на Организациски ангажман


PCM може да се употреби веднаш. Со интегрирање на овој модел во вашиот личен и професионален живот, ќе бидете способни да изградите позитивни персонални конекции и да имате успешна, делотворна комуникација.

Истражувањата покажаа дека емоционалната интелегенција (EQ) е најсилен фактор на успешност, објасувајќи 58% на успех во сите видови на односи и дејности. Според Хауард Гарднер од Универзитетот на Хардвард, најважната и најплатената интелегенција е социјалната интелегенција. Ова се однесува на нашата способност на преговарање, комуницирање и уверување.

Сепак, нашите „меки вештини” опаѓаат на глобално ниво од година на година. Истражувањата покажуваат намалување на емпатија, во управување со емоциите и внатрешната мотивација.

Дали е тоа поврзано со драматичното зголемување на стрес кое го гледаме? 75% од вработените сакаат нова работа. Каква дисконекција! Знаеме колку се важни „меките вештини” за да бидеме успешни во нашите животи. Како и сите вештини, тие можат да се научат и да се развиваат.

Постои фиксно размислување дека емоционалната интелегенција е некој вид на талент и дека постојат луѓе кои се добри во тоа и луѓе кои повеќе се ориентирани на задачите. Овој начин на размислување не само што е скап, туку е и нездрав и со тек на време неодржлив. Значи, можеби е време да ја промениме нашата перцепција и да почнеме да ги тренираме „меките вештини” како било која друга вештина што ја имаме- нешто што бара работа и посветување и откако ќе се совлада ги надминува нашите очекувања.

Дали комуницирате или само зборувате?


Изгледа речиси апсурдно дека начинот на кој комуницираме може да биде поважен за успех отколку тоа што го комуницираме. Истражувањата покажаа дека обрасците на комуникација - заедно со говорот на телото – имаат 50% удел во разликата помеѓу групите со слаб перформанс и тимовите со висок перформанс.

PCM е метод кој дозволува да се анализираат и да се адаптираат обрасците на комуникација со секоја индивидуа.

Тереза Амабил од Универзитетот на Хардвард покажала дека врвен мотиватор за успех е напредокот. “Кога вработените чувствуваат дека напредуваат, нивниот успех е на врв.” Напредокот значи развој кон подобра состојба. Според тоа напредокот е прилично индивидуален. За некои тоа е подобрен однос, за други креативно решение а за трети може да биде завршен проект.

Негативните настани имаат посилно влијание на емоциите и мотивацијата на луѓето, отколку позитивните. Применувањето на погрешен начин на комуникација не е само губење на време, тоа активно ја намалува продуктивноста. Добра вест е дека успешно може да се влијае на напредокот и успехот на секој индивидуален член од тимот. Со користење на PCM вештините се учи што на одредена личност и треба за да биде мотивирана. Истовремено се учи да се препознае негативната мотивација и да се предвиди со какво негативно однесување ќе резултира.

Флексибилноста не се состои само во тоа колку брзо можеме да се повратиме од несреќа, туку постојан процес кој го одржува телото и умот во балансирана состојба. Веруваме дека флекибилноста може да се научи. Со PCMлуѓето учат непрестајно да се грижат на елегантен начин за своите потреби, како да ги наполнат батериите и да создадат позитивно опкружување. Имајќи ги овие вештини ни овозможува да постигнеме не само високи перформанси, туку истовремено да се чувствуваме добро и среќно.