Скаларна енергија

Понекогаш на брановите кои носат промени го пронаоѓаме вистинскиот правец

Општо познато е дека мозокот работи со нервниот систем за да ги контролира различните функции на телесните органи и системи. Нервниот систем пак е екстремно осетлив на електро - магнетните фреквенции (ЕМФ) од околината.

Медицинските истражувања и студии укажуваат на симптоми како што се главоболки, недостаток на концентрација, депресија, хиперактивност кај децата, нарушувања во спиењето и други кои можат да бидат резултат на ЕМФ.

Со спроведување на оваа Скаларната енергија, практичарот создава поле на заштитен оклоп околу телото. Овој заштитен оклоп ги отстранува и поништува ефектите од штетните влијанија и зрачења кои можат да бидат причина за разни енергетски блокади и дисбаланси.

Со ова се постигнува и зајакнување на природната одбрана на телото од оштетувачките зрачења кои доаѓаат од различни уреди околу нас.

Ако оваа фреквенција се пренесе низ телото, тоа може да помогне клетките во телото да достигнат посебна резонанца која е есенцијална за оптимално здравје.

После третманот со скаларни бранови ќе имате релаксиран ум, поголема кохерентност, фокусираност и ќе постигнете енергетски баланс.