Замислете за момент колку бил поинаков вашиот живот за вас и за вашето семејство доколку имале „Упатството за користење“ да ве води уште од вашето раѓање? Нешто што ве охрабруваа од мали нозе како да постапувате, да што знаеше што е правилно и не правилно за вас?
Human Design е токму тоа. Познат е како „Наука за диференцијација“ и работи како ваш прирачник за употреба во овој живот, мапа на вашата уникатност и личен водич за успех. Ни покажува дека секој од нас има уникатен дизајн и специфична цел што треба да ги исполниме додека сме на земјата, како сме генетски дизајнирани да соработуваме со светот и како функционира нашиот систем за внатрешно водство.
Доколку не сте запознаени со принципот на Human Design, првиот чекор е да направите основно, базично читање. Ова е вашата иницијација за живеење на вашиот дизајн и нуди длабок, холистички приказ на вашата внатрешна состојба. Ќе ви ја открие вашата вистинска природа и ќе ви помогне да разберете каде се наоѓа вашиот глас на вистината и како да донесете правилни одлуки за себе си. Може да ви помогне да ги разберете сопствените таленти, склоности и мани.
Преку ова читање, ќе го вратите чувството за цел и поентата во вашиот живот, која е заснована на вашиот индивидуален дизајн. Ова ќе ви дозволи вистински да бидете свои и да донесете правилни одлуки како и да го примените ова знаење во секојдневниот живот. Честопати луѓето добиваат чувство на олеснување откако ќе го направат првото читање за Human Design. Тие чувствуваат дека се она што навистина се, наместо она што другите сакаат да бидат и конечно имаат можност да бидат она што сакаат да бидат.