Wingwave® - коучинг

Веќе се случува...

Wingwave® не бара од клиентот да изведе „емотивен стриптиз“ со тоа што ќе зборува за своите проблеми и ќе ги анализира; наместо тоа, негативните емоции кои се цел на интервенцијата се пронаоѓаат на безболен начин, со миостатски тест. Поради ова, wingwave®-коучингот е особено корисен кога се работи со клиенти кои страдаат од синдром на посттрауматски стрес, вклучувајќи ги и жртвите од траума или малтретирање, како и оние кои страдаат од анксиозност, фобии и панични напади.

Трите главни подрачја на дејност на wingwave-коучингот во работата со клиентите се регулација на стресот, коучинг за успех и коучинг за убедувања. На пример, wingwave®-коучингот им помага на клиентите:

  • да направат промени
  • да ги подобрат своите способности и вештини
  • да ги активираат личните способности
  • да развијат добра психичка кондиција
  • да ги отстранат психичките и емотивните блокади
  • да се ослободат од стресот дома и на работното место
  • да ги постигнат личните цели
  • да се здобијат со самодоверба
  • да ја зголемат сопствената креативност, самоувереност и благосостојба
  • да бидат успешни при јавните настапи
  • да го намалат стресот од истоштеност, несоница и jet-leg
  • да ги отстранат блокадите како што се страв од летање, страв од одење на забар и сл.
  • да го контролираат својот однос кон храната и јадењето
За време на процесот на wingwave®-коучинг клиентот има целосна контрола врз самиот процес и може во секој момент да го продолжи или да го прекине. Коучот не инсистира на водење на процесот, што помага за успешно разрешување. Самите клиенти доаѓаат до своето лично разбирање и го градат патот кон целта според сопствените идеи, чувства и однесување.