Целта на програмата „Awakening of The Illuminated Heart” е да ни помогне да се потсетиме кои сме навистина ние и за што сме навистина способни. Како да се надминат ограничувачките верувања и како да се достигне повисока состојба на свесност. Како да се пристапи и да се користи вечната мудрост на нашето срце, наспроти она што умот се обидува да ни го наметне да веруваме. Како да си ја повратиме својата сила и да го активираме нашето неверојатно божествено себство. Бидејќи тоа е она што ние навистина сме.
„Awakening of The Illuminated Heart” е програма низ која ние се сеќаваме кои сме навистина, како да креираме од Срцето и како да ја активираме природната Меркаба (нашето Светлосно Тело).
Што да очекувате од програмата?
- Сеќавање кои сме ние навистина и за што сме навистина способни.
- Чистење на трауми, емоционални повреди, огорчувања.
- Искуство на неверојатната моќ на простување од нашето срце.
- Промена на состојбата од страв во љубов.
- Сеќавање на нашето светлосно тело (нашата Меркаба) и нејзино активирање, што доведува до активирање на нејзиниот целосен потенцијал.
- Активирање на светлосните зраци на главата и Златниот Ореол.
- Сеќавање на тоа како да комуницираме со нашата Повисока свест.
- Приклучување кон светот на внатрешната Имагинација
- Преод од манифестирање од дуалноста кон манифестирање од срцето на Единството.
- Учење како да креираме и живееме живот на среќа и блаженство.