Секој орган, ткиво или ќелија кај живите битија има своја единствена фреквенција. Мерењата на нивната енергија покажуваат константна вибрација или резонанца. Научните истражувања покажуваат дека нарушувањето или дисбалансот на овие фреквенции предизвикува состојби, болести, инфекции, оштетувања.
Најмало нарушување на енергијата во телото и во неговата енергетска обвивка го нарушува здравјето на целокупниот човечки систем и на околните системи. Доколку нарушувањето во енергијата се избалансира или хармонизира, целата енергија, насекаде, ќе се врати во нејзиниот природен тек и вибрација. Силна хармонизирана енергија може да направи баланс во било кој систем кој има енергетско нарушување. Според тоа, доколку на човечкиот систем влијаеме со енергија која не во природна резонанца со него, истата ќе предизвика болест и обратно, силна хармонизирана енергија ќе предизвика балансирање или условно „лекување“ на заболен или дисбалансиран систем.
Според заклучоците на научните истражувања можеме да кажеме дека секоја болест е резултат на дисбаланс кај фреквенцијата на ќелиите во телото. А како што веќе рековме сите органи, ткива и телесни системи се составени од атоми кои вибрираат со иста фреквенција. Кога на пример вирус или загадена храна ќе влезе во телото, тие можат да ја променат природната вибрација на телото или на некој систем во него. Истото важи и за дисбалансирани емоции и мисли, кои креираат пореметување на суптилните тела во однос на физичкото тело, а со тоа го менуваат нормалниот вибрационен образец на телото.
На нас можат да влијаат надворешни фактори, со кои сме во резонанца или не, односно тие се корисни за нас или не. Ова вклучува храна, воздух, околина, простор и секако други луѓе. Физичкото тело не функционира само за себе, туку е во нераскинлива врска и со нашето однесување, емоциите, мислите, ставовите и убедувањата, како и нашето чувство на целисходност и смисла на животот.
Сето ова, во нашето тело е преведено со јазикот на био-хемијата, до молекули кои пренесуваат информации познати како неуропептиди до неуротрансмитери и хормони. Oвие молекули го поврзуваат невидливиот свет на мислите и емоциите со физичкиот свет на нашето тело од крв и месо.
Со малку зборови, или сме во резонанца, во нашата природна вибрација и во здравје, или сме во дисбаланс, неусогласеност и во болест.