Што е тоа?
Метатрон се состои од интерфејс, слушалки и резонантна комора. Управуван е од компјутер и софтвер. Софтверот ги содржи фреквенциите на сите органи и делови на телото и дозволува споредба и корекција.
Во текот на испитувањето клиентот седи на столица, без да ги прекрстува рацете и нозете. Слушалките кои се поставуваат на неговата глава емитираат и примаат сигнали од мозокот и од електричните импулси на органите. Овие сигнали не се аудио сигнали.
Секој орган има свој електромагнетен код, а компјутерот го анализира секој од овие кодови во автоматски мод или по наш избор. Метатрон креира здравствен картон за секој клиент и дозволува да се кореигираат електромагнетните дисбаланси и препорачува натуропатски третман.
Метатрон е уникатен систем за анализа, дијагностика и терапија кој ја покажува состојбата на органите и ткивата, како и да:
- ја процени ефикасноста на некој третман во одреден временски период;
- превенира создавање на патолошки процеси и ги открива пред да настане пореметување во клетките;
- спореди ефикасност на одредени третмани и да избере соодветен и најдобар третман
Заради неговите исклучителни перформанси без ризик, денес Метатрон се користи во болници, клиники, центри за истражување, спортисти, центри за одржување на здравјето, диететичари, независни терапевти и индивидуалци.
Се верува дека наскоро масовно ќе се користи во дијагностика, третирање и истражувања во медицината, а го нарекуваат и медицина на новото време. Време кое допрва доаѓа.
анализа и томографско скенирање на денешницата. Принципите на НЛС апаратите се поставени во текот на `50-тите години од минатиот век кога се започнати истражувањата на полето на био-резонантноста