Во старите тибетски и кинески традиции постои едно древно учење, од пред околу 5000 години, кое се однесува на градбата на човечкото битие. Тоа претставува јадро на источната традиционална медицина и ја сочинува основата на различните современи техники, како акупунктура, акупресура, Pranic Healing и уште многу други. Старите народи уште тогаш го откриле комплексниот систем на енергетски кола кои минуваат низ телото и околу него.
Овие енергетски кола, таканаречени меридијани, не можат да се видат со голо око и покажуваат дека нашите тела во основа имаат електрична природа. Нашите електрични системи се од витално значење за нашето здравје. Низ телото постојано се испраќаат електрични пораки за тоа постојано да биде во тек со сè што се случува. Кога оваа енергија не би протекувала низ целото тело, ние не би можеле да гледаме, да слушаме, да чувствуваме, да вкусуваме или да мирисаме.
EFT дава јасни докази дека енергијата тече низ вашите меридијани бидејќи дава резултати преку кои можете да видите дека постои. Преку едноставно тапкање околу крајните точки на вашите енергетски меридијани, можете да бидете сведоци на големи промени во вашето емотивно и физички здравје.
EFT се базира и врз фактот дека негативните состојби се чуваат, дури се и заглавени, во енергетскиот систем на телото. Кога ќе се вметне иглата за акупунктура во еден енергетски т.е. прана-меридијан, тоа е со намера да се придвижи енергијата и да се помести застојаната или заглавената прана (енергија). EFT функционира на истиот начин, ја придвижува заглавената или застојаната емотивна енергија така што ја заменува со спокој, доверба, мир, способност.