Енергетски сесии

Во универзумот сѐ е изградено од енергија

Човечкото тело е енергетски систем. Конечно, денес тоа со сигурност можеме да го потврдиме, бидејќи древните и модерните науки се сложуваат дека сѐ што постои вибрира со некаква фреквенција. Фреквенцијата всушност претставува брзината на движење на електроните и протоните кои се наоѓаат во атомите и молекулите од кои се состои секоја супстанца или материја. Секој објект, животно, растение, човекот, а и воздухот околу нас има своја вибрација. Вибрациите и поларитетите на овие честички формираат енергетско поле кое го обвиткува човечкото тело, зрачи некаква енергија и е нераскинливо поврзано со физичкото тело и неговите функции. Мерењата на таа енергија покажуваат константна вибрација или резонанца. Научните истражувања покажуваат дека нарушувањето или дисбалансот на овие фреквенции предизвикува состојби, болести, инфекции, оштетувања.

Накратко, човечкото тело е физичкото јадро на неколку енергетски слоеви кои вибрираат на високи фреквенции. Првиот слој најблизок до физичкото тело е наречен етерично тело и е образец или калап за физичкото тело. Прв пат е забележано преку Кирлиановата фотографија на која може да се види енергетската обвивка околу физичкото тело.

Најмало нарушување на енергијата во телото и во неговата енергетска обвивка го нарушува здравјето на целокупниот човечки систем и на околните системи. Доколку нарушувањето во енергијата се избалансира или хармонизира, целата енергија, насекаде ќе се врати во нејзиниот природен тек и вибрација. Силна хармонизирана енергија може да направи баланс во било кој систем кој има енергетско нарушување. Според тоа, доколку на човечкиот систем влијаеме со енергија која не е во природна резонанца со него, истата ќе предизвика болест и обратно, силна хармонизирана енергија ќе предизвика балансирање на дисбалансиран систем. Кога на пример вирус или загадена храна ќе влезе во телото, тие можат да ја променат природната вибрација на телото или на некој систем во него. Истото важи и за дисбалансирани емоции и мисли, кои креираат пореметување на суптилните тела во однос на физичкото тело, а со тоа го менуваат нормалниот вибрационен образец на телото.

На нас можат да влијаат надворешни фактори, со кои сме во резонанца или не, односно тие се корисни за нас или не. Ова вклучува храна, воздух, околина, простор и секако други луѓе. Физичкото тело не функционира само за себе, туку е во нераскинлива врска и со нашето однесување, емоциите, мислите, ставовите и убедувањата, како и нашето чувство на целисходност и смисла на животот.

Сето ова, во нашето тело е преведено со јазикот на био-хемијата, до молекули кои пренесуваат информации познати како неуропептиди до неуротрансмитери и хормони. Oвие молекули го поврзуваат невидливиот свет на мислите и емоциите со физичкиот свет на нашето тело од крв и месо. Со малку зборови, или сме во резонанца, во нашата природна вибрација и во здравје, или сме во дисбаланс, неусогласеност и во болест.

Кога сме во баланс, телото поефикасно ги елиминира токсините и негативноста кои ги забавуваат или блокираат природните биохемиски процеси во телото. Многу често не успеваме да разбереме дека нашето тело знае да се грижи за себе, а го спречуваме во тоа. Се храниме погрешно, се преработуваме, забораваме да се одмориме. Го изложуваме на стрес и притисок, се држиме за емоции и мисли кои прават краток спој во енергетскиот тек, а сето тоа предизвикува слабост и дисбаланс.

Манифестацијата започнува во енергетската димензија, а потоа се манифестира на физички, емоционален и ментален план. Ова тврдење е поддржано и од научни истражувања во областа на квантната физика за влијанието на човечката свесност и мислите врз материјата. Со влијание и промена на енергијата во нашето тело можеме да влијаеме и на физичкото тело, а со тоа и на секоја емоционална или ментална состојба.

Секојдневието, стресот, стравот, тагата, осаменоста, расправиите и слични фактори, влијаат на енергијата во нашата аура и ја прават замаглена, дисбалансирана и сива, полна со дупки, која потенцијално може да се манифестира во непожелни здравствени ситуации.

Eнергетско третирање вклучува влијание врз енергетскиот систем (енергетско тело, чакри, меридијани) кој се наоѓа околу физичкото тело со промена на неговите фреквенции. Преку трансформација и чистење на старата и застоена енергија и со внесување на нова свежа животна енергија, многу брзо и лесно се коригираат блокадите и телесниот систем се доведува во баланс и хармонија со нормален проток на енергија. Кога сме во ваква состојба на баланс, самото физичко тело многу побрзо закрепнува, ткивата се регенерираат поактивно, а биохемиските процеси се оптимизирани.

Клиентот пред почетокот на сесијата најпрво има кратко интервју за неговата состојба, одговара на неколку кратки прашања кои се важни за успешно спроведување на сесијата. Сесијата трае околу 45-60 минути во лежечка или седечка положба, во зависност од потребите и ситуацијата на клиентот. Ја води обучен и искусен практичар и може да биде во живо или на далечина (Distant Healing). Методи кои ги користиме во енергетските сесии се:

  • Реики
  • Prana Energy work (Pranic Hraling)
  • Скаларна Енергија
  • Шаманизам
  • Theta healing
  • EFT

Што да очекувате од енергетските сесии?

  • Да се здобиете со мир, самодоверба, баланс и здравје;
  • Да се ослободите од стрес, вознемиреност, анксиозност, физичка и психолошка болка;
  • Да се здобиете со ментална јасност, емоционална стабилност и да креирате живот каков што посакувате за себе без стравови, фобии и полни со самодоверба;

Колку сесии се потребни? Бројот на сесии зависи од неколку фактори:

  • Сериозноста на вашата состојба;
  • Вашата волја;
  • Дисциплината во однос на нашите препораки после сесиите;