Во нашиот секојдневен живот постојано сме преокупирани со сетилни дразби, размислување, анализирање, чувствување, правење на секакви мисловни активности; никогаш не сме вистински смирени, често сме во брзање, под стрес. На сите ни се случило да се опуштиме гледајќи го убавото зајдисонце, дозволувајќи им на мислите да се стишаат, што е блиску до медитација.
Медитацијата, ако се прави редовно, може да направи чуда. Еве неколку основни придобивки што можат да се добијат со редовна медитација:
- Фокусирање на сегашниот миг и контрола на умот и емоциите;
- Согледување на причинско-последичните врски помеѓу мислите, ставовите, впечатоците, чувствата, телесните состојби и однесувањата;
- Променет став кон животот, благодарност за добрите дела на другите, уживање во малите мигови на среќа;
- Јасно согледување на пошироката перспектива наместо фокусирање на ситните секојдневни проблеми;
- Прифаќање на сите нешта коишто не се такви какви што би сакале да бидат;
- Разбирање на останатите луѓе;
- Подобрена внатрешна способност за решавање на комплексни проблеми;
- Ослободување од стресот;
- Зголемена концентрација, самопочит, спонтаност, креативност и свесност;
- И многу, многу повеќе…