Нехипнотичка регресија

Спознавање на сопствената сенка: Најдобар водич низ човечката темнина

Што е нехипнотичка регресија?

Нехипнотичката регресија е чисто сеќавање на душите на нешто што е веќе доживеано, а се појавува во таа форма затоа што свеста и потсвеста се изедначени. Некои тоа го викаат проширена состојба на свеста, но тоа е сепак нешто подлабоко.

Во животот може да нѝ се случи да се најдеме некаде и одеднаш да нѝ се причини дека сè нѝ е познато и блиско. Честопати тоа е сеќавање од некој претходен живот, но воглавно тоа чувство не оди подалеку од обично препознавање. Ако доживееме нешто такво треба да имаме во предвид дека тоа не е случајно. Тоа што сме се нашле на такво место, сигурно има своја порака, нешто од минатото што сака да нѐ потсети на случувања кои сигурно се значајни за сегашноста.

Посуптилните души можат да имаат и други начини на сеќавања на минатите животи, па така пораките им доаѓаат на сон или преку визии, но тука најчесто се работи за одредени исечоци од минатото. Еден сигурен начин кој нѝ овозможува увид во сите минати животи е индивидуалната нехипнотичка регресија. Токму тој облик на регресија е најдобар затоа што за време на целата сеанса имаме потполна контрола на сите нивоа, свесни сме за сè, можеме да одбиеме да го видиме она што не сакаме, ако процениме дека тоа може да нѝ штети или да делува трауматично и во секој случај од тоа искуство го донесуваме она што е најдобро за нас, а нѝ овозможува квалитетен увид во она што било и што се испреплетува со сегашноста.

Нашата душа се развива чекор по чекор, а таквите чекори може да бидат многу, во форма на разни животи. Таа има за задача да совлада одредени лекции и сѐ додека во потполност не совладаме една, нема преминување на друга. Некои животи се поважни за сегашниот живот, некои се помалку важни, но сите заедно прават целина која покажува каде сме и по што трагаме. Најважно е она што сме одбрале да го решаваме во овој живот и од тоа подрачје би требале да извлечеме сè што е веќе доживеано и на тој начин да одредиме како е најдобро да ги креираме своите идни потези.

Луѓето често се прашуваат колку е тоа момент на фантазија на поединецот. Во регресиите никогаш не го гледате она што би посакале да го видите кога сте во будна состојба. Тоа се многу просечни животи, освен ретки исклучоци, со многу болни и тажни завршетоци, на кои радо не би се сеќавале. Секоја регресија е изненадување и за клиентот и за терапевтот. Тоа е искуство кое оној кој не го доживеал не може нѝ да го замисли, исто како што слепиот човек што не може да ги замисли боите. Поради тоа регресијата е нешто што квалитативно длабоко го збогатува животот на личноста, без разлика на нејзините години. Кога низ тоа ќе помине постара личност, во седумдесеттите на пример, таа мисли дека не може да дознае ништо ново за себе, нешто што неа би и било непознато. Сепак, во регресија се отвара нов свет и личноста која тоа го говори останува зачудена.

Резултатот е тоа што ќе имате поширока слика за себе и светот. Сe добива нова смисла, ја дознавате својата животна цел и својот пат. Повеќе не се плашите од смртта, престанувате да бидете зависни од многу „животни сигурности“. Ги решавате своите хронични стравови, фобии, престанувате да привлекувате негативни случки кои се повторуваат. Тоа може да се движи од финансиски прилики до љубов и здравје. Ги добивате конците на животот во свои раце, бидејќи сега подобро го разбирате самиот живот. Тоа доведува до зголемено чувство на сигурност, самодоверба и уживање во животот.

Сеќавањата на минатите животи знаат да нѝ ја наметнат потребата за големи промени во начинот на сегашниот живот, донесувањето на големи одлуки кои би промениле многу работи, а тука се појавува и чувството на неизвесност, ако тоа го прифатиме. Единствениот исправен пат е да го слушаме својот внатрешен глас и да постапуваме во склад со него, колку и необично да нѝ изгледаат новите одлуки. Ако не превземеме некои чекори и ако продолжиме да ги трпиме ситуациите во кои не сме задоволни, регресијата ќе нѝ укаже каде е базата на тие проблеми, но во тој случај таа не нѝ помогнала. Како што сите одговори се присутни некаде длабоко во нас, така сите одлуки и понатамошни потези зависат од нас.

Погледот во минатото нѝ ги проширува видиците, а тоа би требало да биде доволна основа за земање на работите во свои раце. Ако ништо друго, би можеле да си дозволиме одредено опуштање од сето она што се насобрало во облик на негативна енергија во нас, простување на сите оние кои на било кој начин нѐ повредиле, бидејќи и ние истото тоа сме му го направиле некому, свесни или несвесно и конечно да се отвориме кон светлото на животот мислејќи позитивно, правејќи позитивно и создавајќи позитивно.

Она што нехипнотичката регресија може да нѝ овозможи е преглед на минатите животи до детали кои самите сакаме да ги видиме, но животните приказни кои ги гледаме не се толку важни во смисла што сме биле, колку што е значајно искуството на самите души, модели на однесувања, реакции, размислувања, постапки, случувања кои се условени со туѓи одлуки, а се однесуваат на нас, нашите реакции кон другите и на крајот какво нѝ е чувството на исполнетост во тој живот, дали сме ја извршиле нашата задача потполно, делумно или сме ја пренеле понатаму во некој живот подоцна.

Регресија се препорачува на секој кој сака одговор повеќе за патот по кој чекорела нашата душа, за нејзините искуства и сè што сме донеле со себе во овој живот. Увидот во минатите животи може да нѝ го скрати патот на решавање на кармичките опашки кои ги влечеме со себе. Ако видиме што бил основниот проблем во минатиот живот, па уште ако најдеме некои паралели со сегашниот и сфатиме дека можеби повторуваме некои грешки, тоа можеме многу побрзо да почнеме да го менуваме откако ќе видиме каде се корените на сето тоа.

Една сесија на нехипнотичка регресија трае околу 2 часа. Во таа сесија клиентот поминува од 1 – 3 минати животи. Помеѓу минатите животи се поминува низ искуството на смрт (што е многу пријатно чувство). Потоа следи разговор со духовниот водич или Повисокото Јас со совети за сегашниот живот, а на крајот правиме процес на емоционално прочистување, после кој се враќаме во сегашниот момент. Целата постапка се снима и добивате аудио запис.