Pranic Healing®

Добредојдовте во светот на суптилни енергии

"Pranic Healing не е наменето да ја замени класичната медицина, туку да ја надополнува. Ако симптомите продолжат да се јавуваат или болеста е сериозна, веднаш консултирајте лекар или Лиценциран Pranic Healing практичар". - Мастер Чоа Кок Суи

Древната уметност и наука Pranic Healing е креирана од духовниот учител и мастер на енергетска работа Мастер Чоа Кок Суи и се предава насекаде во светот. Кога се користи како надополнување на други медицински третмани, делува како моќен катализатор во поттикнување на природната способност на телото за регенерација и ревитализација.

Иако на прв поглед изгледа дека телото е материјално, сепак, не е баш. Подлабоко гледано, телото е енергетско поле. Гледајќи низ молекулите од кои е направено телото, можеме да видиме енергетско поле. Во секоја култура и во секој традиционален медицински систем, исцелувањето е постигнува преку работа со енергијата на телото/системот, која е под влијание на нашите животни искуства и реагира на истите со промена на количината и фреквенцијата.

Па така, Pranic Healing е базиран на целосната структура на човечкото тело. Физичкото тело на човекот се состои од два дела: видливо физичко тело и невидливо енергетско тело наречено биоплазматично тело. Видливото физичко тело е дел од човечкото тело кој го гледаме, го допираме и на кој сме навикнати. Биоплазматичното тело е невидливо блескаво енергетско тело кое навлегува во физичкото тело и се простира и надвор од него.

Тоа е бездопирна енергетска технологија која користи Прана или "ки" (животна енергија) со цел сеопфатно третирање на физичкото тело. Прана е санскритски збор со значење "животна сила", невидлива биоенергија или витална енергија која го одржува телото во живот. Pranic Healing било широко распространето и применувано во древните цивилизации на Кина, Египет и Индија.

Опфаќа лесно разбирливи техники на природно исцелување, во кои се вклучени прочистување и енергизирање на енергетскиот систем, што обезбедува слободен проток на Прана низ човечкиот систем. Во Pranic Healing Праната се користи со цел поттикнување на специфични биохемиски процеси и забрзување на вродената способност на телото да спречува, олеснува и исцелува широк спектар на физички, емоционалнни и ментални заболувања.

Методите се едноставни и лесни за учење; секој може да научи и применува Pranic Healing за многу кратко време. Не се потребни претходни знаења. Pranic Healing бара време за усовршување. Секоја здрава личност со просечна интелигенција, концентрација и упорност може да научи Pranic Healing за многу краток временски период. Не е потребен физички допир бидејќи Pranic Healing се применува првенствено на енергетското тело.

Закажете термин

Пополнете ги информациите во формата подолу и закажете го вашиот термин

  • Телефон & Viber : 075252724‬

Услуга и Време

Ваши податоци

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!