Shamanic Heart Healing®

Шаман е оној кој го гледа и знае животот во неговата совршеност

Шаманизмот е духовна пракса што може да се најде во култури низ целиот свет од античките времиња до денес. Овие практики коегзистираат над милениуми со различни култури, системи на владеење, и организираните религиозни практики.

Многу формални религии, од хиндуизмот до исламот, потекнуваат од древните шамански корени и се уште носат шамански теми на длабока врска со божественото во сите нешта. Шаманските практики се практични и флексибилни. Една од нив е и Shamanic Heart Healing therapy.

Shamanic Heart Healing therapy® или SHH ® е збир од традиционален, нетрадиционален и универзален шаманизам или во поновите времиња позната како урбан шаманизам. Иако зборот Шаман има потекло од Сибир, сите учења се унверзални.

Shamanic Heart Healing е комплетен систем на употреба на древните шамански практики во нашиот секојдневен живот, при што се поврзувате со древната мудрост на шаманите со силата на Светото место на нашето Срце.

Теми кои се обработени во Shamanic Heart Healing:

  • Потсетување на Шаманот во себе
  • Реконектирање на нашето внатрешно водство и шаманскиот транс на светлината
  • Разбирање на употребата на Медицинското Тркало во релација со Меркаба
  • Надминување на нашите верувања и ограничувања во лекувањето.
  • Влегување во шаманска состојба на свесност
  • Потсетување на процесот на исцелување на другите и на себеси
  • Поврзување на духовните водичи и сојузници за исцелување (животни на моќ, духовни учители)
  • Активирање и употреба на нашите внатрешни сетила
  • Исцелување на далечина индивидуално или како група
  • Учење како да се најде изворот на проблемот во личноста
  • Лекување со звукот на вашиот глас
  • Користење на напредни техники како шаманскo исцелување и враќање на делови од душата
  • Реализирање дека имагинацијата е најсилната алатка што било кога можете да ја имате и дека таа ги отклучува скриените области на свесност
  • Шаманска енергетска операција
  • Водени и интуитивни пракси и вежби.

Закажи термин

Пополнете ги информациите во формата подолу и закажете го вашиот термин

  • Телефон & Viber : 075252724‬

Услуга и Време

Ваши податоци