Свесното дишење е едноставна, нежна, но истовремено и моќна техника на дишење. Тоа ги носи на површината на нашата свесност не само нашите несвесни верувања и емоции, туку и врските со нашите тела, самите себе си, нашата интима и врските со светот. Кога ние свесно дишеме, создаваме можности, внатре во нас да ги решиме, интегрираме и излечиме претходно нерешените проблеми. Овој процес ослободува енергија, носејќи ни поголема живост и радост, а со тоа и ни овозможува да продолжиме напред кон исполнување на нашиот потенцијал како човечки битија.
Свесното дишење функционира на принципот дека постои директна врска помеѓу нашата психичка / физичка добросостојба и отвореноста на дишењето. Опуштањето и испуштањето на здивот ја намалува тензијата и во телото и во умот.
Откријте како дишењето може да ве ослободи од болката на вашето минато и како да ја изнесете целата ваша енергија и способности. Научете како да се приклучите во вашиот неисцрплив резервоар на среќа и моќ скриени длабоко во вас, и како да црпите од него непрестано.