Theta healing

Уникатна медитативна техника за развивање на умот, телото и духот

Theta Healing техниката е светски познат метод кој е креиран од Виана Стибал во 1995 година во текот на нејзиното лично патување кон здрајето, откако го излечила туморот во нејзината нога.

Theta Healing е медитативна техника и спиритуална филозофија - не е врзана за одредена религија, култура или традиција, туку ги прифаќа сите, со цел да се приближи до Креаторот. Тоа е метода за трениг на вашиот ум, тело и дух кој ви дозволува да ги решите ограничувачките верувања и да живеете со позитивни мисли, развивајќи квалитет во сѐ што правите.

Низ медитација и пракса Theta Healing креира позитивен животен стил.

Theta Healing техниката секогаш се подучува како комплементарна со конвенционалната медицина.Таа нѐ учи како да ја употребиме својата сопствена природна интуиција, препуштајќи ѝ се на безуслованата љубов на Креаторот на сѐ што постои за да направиме одредено „дејство”. Се верува дека со менување на фреквенцијата на вашите мозочни бранови за постигнување на „тета” состојба, можете всушност да гледате како Креаторот на сѐ што постои креира непосредна физичка и емоционална благосостојба. Сознанијата велат дека низ Theta Healing техниката интуитивните способности можат да се употребат со цел да нѐ доведат до спонтана физичка и емоционална благостостојба.

Филозофијата е да живееме, тренираме и да ги подучуваме другите како да постигнат подобар живот низ чиста есенција на љубов. Оваа техника нѝ дозволува да постигнеме хармонија во својот ум, тело и дух. Користејќи го концептот на 7-те области на постоење, практикантот ја употребува медитативната техника за да се поврзе со повисока спиритуална сила и со своето сопствено верување да ја наложи онаа промена која индивидуата ја побарала. Такашто, со оваа техника ќе научите дека ништо не е невозможно за вас доколку се осмелите да верувате.

Тета бранови и нивните бенефити

Клиентот и практикантот ја достигнуваат Тета состојбата преку одредена техника. Мозокот покажува особено специфична фреквенција во оваа состојба.

Главните мозочни фреквенции се:

  • Алфа/ лесна релаксација
  • Бета/ нормална состојна кога сме будни
  • Тета/ длабока релаксација, поспаност, состојба на медитација и хипноза
  • Делта/ спиење без сонување

Се што клиентот треба да постигне е отвореност кон потполно невообичаена процедура на третирање.

Закажи термин

Пополнете ги информациите во формата подолу и закажете го вашиот термин

  • Телефон & Viber : 075252724‬

Услуга и Време

Ваши податоци

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!