PCM - Вештина на адаптивна комуникација

PCM (Process Communication Model) креиран од д-р Таиби Калер, претставува светски позната и моќна алатка базирана на човечкото однесување. Се темели на научни, наградувани, клинички откритија и му овозможува на корисникот да разбере како и зошто луѓето комуницираат.

Process Communication Model успешно се користи во многу индустрии. Го користи НАСА во изборот на вработени, во претседателските кампањи и и во најмалку 500 компании.

Им помага на луѓето да ги зајакнат своите способности за адаптивна комуникација. Специјализиран е за обезбедување на клучни решенија за луѓето и тимската работа.

Овој модел се користи во 50 земји, на 22 јазици, а научен е од повеќе од милион луѓе.

Се состои од:
1. Набљудување и разбирање на сопственото однесување, вклучувајќи и зошто нашата мотивација и однесувањето под влијание на стрес можат да се променат;
2. Разбирање на однесувањето на другите и знаење како ефикасно да се комуницира со нив;
3. Анализирање на конфликтите и недоразбирањата и знаење како да се пронајдат најефикасни решенија кои ќе произведат делотворна комуникација.

PCM ви обезбедува успешна комуникација со веродостоен и проверен метод за декодирање на човечкото однесување преку активна обсервација на оние околу вас. Ве учи како да го процените стилот на другите врз основа на нивното однесување, начинот на говор и говорот на телото. Учите како да ги препознаете предвидливите проблематични обрасци кај другите и кај себеси и вешто да ги разрешите тешките ситуации пред напнатоста да ескалира.

PCM ви помага :

  • Да ја идентификувате и да ја разберете уникатната структура на однесување на секоја индивидуа.
  • Да го разберете влијанието на животните настани врз вашите мотивации
  • Да ги препознаете предвидливите образци кои водат во неприлика
  • Да ја индивидуализирате својата комуникација со различни луѓе


Способноста да се предвиди човечкото однесување е уникатна и задолжителна предност на PCM . Оваа предвидливост е една од причините поради која НАСА го избра овој Модел за селекција, тренинг и вработување на своите астронаути на вселенски бродови.

Суштински сет на 5 адаптивни коминикациски вештини на PCM

    1. УЧЕЊЕ

    Научете ги 6-те суштински типови на личност кои сите ние ги поседуваме во различни енергии, нивните единствени предности, предвидливо однесување и комуникациски склоности.

  • 2. ПРОЦЕНУВАЊЕ

    Низ активна обсервација и техники на слушање, прецизно препознајте го начинот на комуникација на кој луѓето се склони и нивните уникатни мотивациски потреби.

  • 3. АДАПТИРАЊЕ

    Научете природно да ја адаптирате својата комуникација и стил на раководење за да се вклопи во склоностите на другите, што ќе резултира со поефикасна комуникација и посилни персонални конекции.

  • 4. ПРЕДВИДУВАЊЕ

    Користејќи докажана методологија за предвидување на човечкото однесување, научете како да предвидите прекин во комуникација и кои неостварени потреби го поттиккнуваат таквото однесување.

5. РЕШАВАЊЕ

Научете прецизни техники да ја растопите тензијата и да го решите конфликтот со сите типови на личности и како одново да ги поврзете во здрав и корисен дијалог.Според PCM моделот, постојат шест различни типови на личности и во текот на нашиот живот ние ги искусуваме карактеристиките на секој од нив. Тука не станува збор за типови НА луѓе, туку типови ВО луѓето. Секој од нас има доминантен тип на личност, тип кој е најсилен во нас и опстојува како наша “основа” за живот. Како и да е, во PCM исто така се дискутира и за тип кој го нарекуваме „личност фаза”, односно тип кој индивидуата го искусува моментално. Две третини од населението искусува промена на фазата најмалку еднаш во својот живот. Разбирањето на овој концепт на “фаза” ни ги открива нашите најверојатни, моментални реакции во случај кога покажуваме знаци на стрес.

Закажете термин

Пополнете ги информациите во формата подолу и закажете го вашиот термин

  • Телефон & Viber : 075252724‬

Услуга и Време

Ваши податоци