Овој иновативен метод најчесто се користи кога се работи за сите аспекти од животот поврзани со стресни искуства од минатото и/или отежнувачки чувства во однос на идни настани коишто влијаат врз здравјето и успехот на клиентот. Овој метод се базира врз научни истражувања и резултатите од него се многу опипливи, мерливи и брзи. Во него се зема предвид начинот на кој функционира нашиот мозок и како ги обработува информациите, како и тоа како непроцесираните искуства продолжуваат да влијаат врз нашето здравје и врз нашите перформанси.
Метафората која се крие зад името wingwave® (wing - крило, wave - бран) доаѓа од теоријата на хаос на Едвард Лоренц, според која само едно замавнување на крилјата на пеперутката може да предизвика ураган на другата страна на светот, ако замавнувањето се случи во точното време и место... „Wing“ во зборот wingwave доаѓа од замавнувањето на крилото на пеперутката. На сличен начин, за да може вашата коучинг-сесија да ги направи потребните промени кај вас, ќе одбере конкретна почетна точка за вашиот wingwave-коучинг врз основа на вашите физички и емотивни потреби во тој момент, со примена на тест за мускулна реакција („O-ring test“).
Метафората зад wingwave исто така се однесува и на тоа како двете хемисфери на мозокот работат заедно и на тој начин им даваат подршка на „интелектуалните летови“ и обезбедуваат „успешно слетување“. „Wave“ е дел и од поимот „brainwave“ кој значи „генијална идеја“ или „излив на инспирација“. Токму ваквите видови на мозочни бранови ги поттикнува насочениот wingwave-коучинг.
Исто така, wingwave® не бара од клиентот да изведе „емотивен стриптиз“ со тоа што ќе зборува за своите проблеми и ќе ги анализира; наместо тоа, негативните емоции кои се цел на интервенцијата се пронаоѓаат на безболен начин, со миостатски тест. Поради ова, wingwave®-коучингот е особено корисен кога се работи со клиенти кои страдаат од синдром на посттрауматски стрес, вклучувајќи ги и жртвите од траума или малтретирање, како и оние кои страдаат од анксиозност, фобии и панични напади.
Техниката wingwave® комбинира:
- билатерална стимулација на хемисферите, преку поттикување на „будно“ брзо движење на очите (REM - rapid eye movement) со звучни или тактилни дразби лево-десно
- невро-лингвистичко програмирање (НЛП) (дефинирање на цели, работа со субмодалитети, рифрејминг, работа по временска линија итн.
- кинезиологија - тест за мускулна реакција (миостатски тест) за оценување на ефикасноста на процесот