Моќта на минатите животи

Моќта на минатите животи

Некои луѓе воопшто не се свесни каква енергија пренесуваат во нивната сегашност.

Многумина доаѓаат во вашиот живот за да ја отплатат болката која ви е нанесена или да ги исправат погрешните потези. Но, во меморијата на вашата душа постојат спомени кои создаваат голем страв и вие бегате од нив наместо да се посветите на решавање на кармата и затворање на тие врати.

Повеќето луѓе не се свесни колкав голем дел од својот живот поминуваат во енергијата на минатите животи! Живеат живот без да бидат свесни за ина што го прават поттикнати од искуствата од минатите животи.

Дури 85% од вашите животни искуства се засновани на искуствата од минатите животи. Сето она што сте го креирале се базира на енергијата на минатите животи. Универзумот секогаш ќе креира ситуации во кои ќе наплатите или ќе отплатите нешто.

Кога однапред би знаеле што можете да направите во врска со минатите животи, вие би побегнале бидејќи вашето ПОНИСКО ЈАС не сака да се соочи со минатото и она што можете да научите.

Стравот е многу непријатна емоција, длабоко всадена во вашата потсвест и вие често не сте ни свесни за него. Луѓето во себе носат толку многу страв но, прават толку малку за да се ослободат од него и да напредуваат. Стравот може да ве парализира и тоа толку силно што нема да можете да ја исполните својата зацртана цел во овој живот. Постојано ќе ве тера да истанете во својот лично создаден затвор. Тој страв се опишува како нешто што не можете да го видете, туку само го чувствувате и поради тоа никогаш не можете да спознаете поради што го чувствувате и дали се работи за минат живот или не.

ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД СТРАВОТ!

Стравот не ви е потребен. Соочете се со него без разлика за што се работи и бидете слободни да ја остватите вашата мисија.

КОЈА Е ВАШАТА МИСИЈА?

Вашата мисија е нешто што вие сте го одбрале и запишале уште пред раѓањето во својот животен план.

Добриот регресотерапевт може да ви помогне да разберете зошто сте дошле да научите и да истражите со кои минати животи вие сте тука за да се соочите.

Зошто имате проблеми со парите или партнерите? Еден начин да дознаете е нехипнотичката регресија (враќање во минати животи). Кои сте? Знаете ли? Враќањето во минатите животи може да ви го прикаже вашето вистинско Јас и многу лесно би можеле да ги пронајдете одговорите за вашите стравови. Кога станува збор за овој процес, нема од што да се плашите. Тоа е само мудрост од вашето минато, сегашност и иднина.

Дознај повеќе за нехипнотичка регресија и минатите на следниот линк:

Нехипнотичка регресија

https://www.arslucida.mk/mk/metodi/nehipnoticka-regresija/
Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!