МОЛИТВА ЗА МОЌ И СВЕТЛИНА

МОЛИТВА ЗА МОЌ И СВЕТЛИНА

Во контекст на мантрите вклучени во Лекувањето со Прана, ќе обрнеме внимание на Божествената молитва која има огромно значење и вредност. Таа има древно потекло и претставува мантричка формула со огромен капацитет, која ни овозможува да направиме промени и прилагодувања во сите аспекти на нашиот планетарен живот. Таа е светска молитва, која се користи од страна на луѓе од различни вери и духовни наклоности како помош на Планетата Земја во текот на овој тежок транзиционен период.

На површината, убавината и силата на оваа Молитва се состои во нејзината едноставност и изразување на одредени вистини, кои мнозинството од човечката популација нормално и вродено ги прифаќаат:

  • Постои основна Интелигенција на која ние „нејасно“ и го придаваме името Бог;
  • Зад сите надворешни привиди, мотивирачката моќ на Универзумот е Љубовта;
  • Големите личности циклично се враќаат на Земјата и ја отелотворуваат таа љубов за да ни ја доближат и за да можеме да ја разбереме;
  • Љубовта и интелигенцијата се крајни ефекти на Божјата волја;
  • И конечно, само-докажливата вистина дека само преку Човештвото може да биде реализиран Божествениот план.

Природно е, повремено, да се почувствуваме безмоќни, соочени со огромната болка и страдање на нашата планета. Ја чувствуваме потребата да придонесеме на некој навистина конструктивен начин, но често имаме впечаток дека нашите обиди се бесполезни.

Во минатото, луѓето често се свртувале кон молитва заради лична заштита и заради олеснување на страдањата во нивните лични животи.

Денес, додека се наближуваме кон Новото Доба/Новата ера, човештвото колективно демонстрира продлабочено разбирање за моќта на групната молитва и повикување, во корист на човештвото и планетата во целост. Фокусираната и динамична употреба на Божествената молитва има дава на луѓето ширум светот силно средство за контакт и дистрибуција на моќни духовни енергии, придонесувајќи кон подигнување на вибрацијата и трансформација на Планетата Земја.

Со нејзина колективна употреба внесуваме љубов, светлина и моќ во сите аспекти на нашето живеење, проширување и подигнување на човечката свесност, со цел трансформација на огромниот фокус на светот кон материјалното во вистински духовен фокус.

Примената на Божествената молитва доведува до неверојатни промени во животот воопшто – промени во нашите ставови, намери, карактер и цели, кои ќе бидат духовно корисни. 

Човекот е она што го носи во срцето. Тоа е основен природен закон. Константната потрага на умот за светлина и можноста за просветлување не можат и не смеат да останат без ефект.

Божествената Молитва е преведена на преку 75 јазици и дијалекти.

Таа му припаѓа на целото човештво.

Божествена Молитва

Од точката на Светлина во умот на Бог

Нека потече Светлина во човечкиот ум.

Нека биде Светлина на Земјата.

Од точката на Љубов во срцето на Бог

Нека потече Љубов во човечките срца.

Нека Исус се врати на Земјата.

Од центарот каде владее Волјата Господова

Нека малата човечка волја биде водена од цел

Цел која Учителите ја знаат и и служат.

Од центарот наречен човештво

Нека се исполни Планот на Љубовта и Светлината

И нека ја запечати вратата зад која бдее злото.

Нека Светлина, Љубов и Моќ го обноват Планот на Земјата.