Надмудри се себе си – циклус работилници (30.04)

Надмудри се себе си – циклус работилници (30.04)

НАДМУДРИ СЕ СЕБЕ СИ!

Претставува повеќенеделна обука и е наменета за сите кои сакаат повеќе од својот живот.

Ако сакате да успеете во животот не е потребно да работите повеќе и понапорно, ниту да читате прирачници како да го сторите тоа, тоа не е рецептот за успех!

Успехот на кое било поле зависи од неколку принципи што можете и вие да ги усвоите!

 Ќе дознаете како со проверени, едноставни алатки и стратегии да постигнете сѐ што сакате!

Времетраењето на обуката е период од осум недели. Секоја недела има по една групна сесија на која на учесниците им се презентира и објаснува материјалот преку интерактивна дискусија. Во текот на остатокот од неделата секој учесник преку зададените домашни задачи ќе може да размислува на дискутираните теми и притоа ќе може да направи сопствени анализи во однос на сопствените уверувања, принципи и парадигми.

 Структурата на групите е непроменлива во текот на целата обука. Секој учесник треба да учествува на сите сесии бидејќи темите се меѓусебно тесно поврзани.

Во рамките на програмата предвидени се и индивидуални сесии со секој од учесниците, на кој ќе бидат споделени и дискутирани сите оние работи кои самите не се подготвени да ги споделат во групните сесии. Овие индивидуални сесии служат и како алатка да се одреди што е тоа што ве мотивира или инспирира во животот, што понатаму ќе ви помогне да решите што и како понатаму…

Зошто е потребен период од осум недели?

На сите им е познато дека во нашето тело постојат мускули и со нивно активно и постојано користење тие се зајакнуваат и ја зголемуваат својата цврстина и маса, но многу малку луѓе знаат дека и во нашиот ум постојат ментални мускули. Ако ги користиме, односно вежбаме тие растат и се развиваат, но доколку не ги користиме тогаш тие атрофираат. За да научиме и да ја совладаме материјата потребни се континуирани вежби и упорна работа, и затоа поребно е да вложиме малку повеќе енергија и време.

Теми кои ќе ги обработуваме на обуката:

Ø  Кој сум јас?

Ø  Како функционира нашиот ум?

Ø  Кои се различните нивоа на свест?

Ø  Како да постигнеме хармонија во сите животни сфери?

Ø  Уметноста на размислувањето;

Ø  Менталните мускули на нашиот ум;

Ø  Како да се справиме со нашите парадигми?

Ø  Како да се промени односот кон самиот себе?

Ø  Состојките потребни за остварување на одлична меѓусебна соработка;

Ø  Како да се справиме со нашите емоции?

Ø  Како да си го зајакнеме своето здравје?

Ø  Тајните на ефективната комуникација;

Ø  Како со мали чекори до огромен успех;

Ø  Како да оствариме одлични односи со своите врсници/колеги?

Ø  Како да ги зајакнеме семејните врски?

Ø  Како да се збогати односот родители-деца?

Ø  Природни, односно универзални закони;

Ø  Како да се подобри односот со партнерот, семејството, пријателите…?

Ø  Како да се постават и реализираат цели?

Ø  Одлуки за промени;

По завршување на обуката нема повеќе да размислувате и да делувате на истиот начин. Самите ќе увидите дека секогаш постои и полесен начин за функционирање во новото современо бурно секојдневие кое секако бара нов пристап и нови иновативни решенија.

Ристе Николов (Richie) е тренер за личен развој, мотивациски говорник и автор. Програмата за личен и професионален развој по која работи е базирана според методот на INGE ROCK Academy од Белгија, во комбинација со многу други методи, техники и сознанија од други области кои се меѓусебно поврзани во една интердисциплинарна целина. Програмата вклучува различни техники и алатки за личен развоj преку практични обуки и работилници.

Целта на обуките и работилниците од овој тип е учесниците да ја променат перспективата на гледање на нештата, отстранување на менталните блокади и зајакнување на сопствените капацитети при дефинирање на својата автентичност, остварување на својата визија и цели, и полесно пробивање низ животните предизвици и препреки, со што значително се намалува ризикот од депресија, професионално согорување „burnout” и се постигнува целосна хармонија во однос на своето здравје, духовна и емоционална смиреност, финансиска стабилност итн. Програмата е креирана за работа со поединци, групи, правни субјекти и секаков вид на организации. Тој исто така има долгогодишно искуство како Професор по Англиски јазик, преведувач, толкувач, работи во областа на имплементација и водење на проекти финансисирани од ЕУ и други странски донатори, а во текот на зимската сезона работи и како инструктор по скијање.

19.03.2020
26.03.2020
02.04.2020
09.04.2020
16.04.2020
23.04.2020
30.04.2020

Предавач: Ристе Николов

Пријавување и информации:

📧 contact@arslucida.mk

📞 075 25 27 24