Нехипнотичка Регресија – Индивидуални сесии

Нехипнотичка Регресија – Индивидуални сесии

Еден сигурен начин кој нѝ овозможува увид во сите минати животи е ИНДИВИДУАЛНАТА НЕХИПНОТИЧКА РЕГРЕСИЈА. Токму тој облик на регресија е најдобар затоа што за време на целата сеанса имаме потполна контрола на сите нивоа, свесни сме за сè, можеме да одбиеме да го видиме она што не сакаме, ако процениме дека тоа може да нѝ штети или да делува трауматично и во секој случај од тоа искуство го донесуваме она што е најдобро за нас, а нѝ овозможува квалитетен увид во она што било и што се испреплетува со сегашноста.

КОГА ДА СЕ РЕШИТЕ ДА ПРАВИТЕ РЕГРЕСИЈА?

Она што нехипнотичката регресија може да нѝ овозможи е преглед на минатите животи до детали кои самите сакаме да ги видиме, но животните приказни кои ги гледаме не се толку важни во смисла што сме биле, колку ште е значајно искуството на самите души, модели на однесувања, реакции, размислувања, постапки, случувања кои се условени со туѓи одлуки, а се однесуваат на нас, нашите реакции кон другите и на крајот какво нѝ е чувството на исполнетост во тој живот, дали сме ја извршиле нашата задача потполно, делумно или сме ја пренеле понатаму во некој живот подоцна.

Нехипнотичката регресија е чисто сеќавање на душите на нешто што е веќе доживеано, а се појавува во таа форма затоа што свеста и потсвеста се изедначени. Некои тоа го викаат проширена состојба на свеста, но тоа е сепак нешто подлабоко. 

Во регресијата треба да се впуштиме кога:
1. Имаме проблеми кои не можеме на ниеден начин да ги решиме, 
2. Во нас се всадени стравови кои не можеме да си ги објасниме на нормален начин, 
3. Нѐ мачат прашања за љубовен неуспех или неуспех на работното место, 
4. Интензивни здравствени проблеми, 
5. Сакаме да работиме на себе во смисла на духовно градење итн.

Всушност регресија се препорачува на секој кој сака одговор повеќе, бидејќи по пат на истата можеме многу да дознаеме за патот по кој чекорела нашата душа, за нејзините искуства за сè што сме донеле со себе во овој живот.

Цената за индивидуална сесија е 80 евра.

Регресотерапевт: Елена Антоновска

Елена Антоновска е сертифициран Професионален коуч на Ериксоновиот колеџ од Канада и тренер. Покрај тоа, листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: CEFE trainer, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, Regression therapist, Reiki Master, etc.

Дознај повеќе за Елена
За пријавување пополнете ја формата подолу или јавете се на телефон: 075 25 27 24 (Елена)

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!