Обука за Регресотерапевти

Обука за Регресотерапевти

Пред да зборуваме за регресотерапија, прашањето е што ние знаеме за луѓето и како со нив комуницираме, работиме или постигнуваме резултат кој тие го посакуваат? Основата на ваквите процеси не лежи потполно во техниката, туку во способноста на терапевтот или практичарот да владее со себе и со ситуацијата, да управува со себе и со процесот низ длабоко разбирање и нуркање низ суптилните светови на клиентите.

Модул 1 ве води низ совладување на некои вештини кои ќе ве направат не само одличен регресотерапевт, туку и влијателен и моќен, но во исто време и омилен човек.

Во текот на Модул 1 (17-18 .10.2020) ќе се здобиете со следните вештини и знаења:
•Се запознаете со вашата група за поддршка
•Здобиете нова перспектива за животот
•Научите повеќе за вашиот ум и вашиот мозок и како тој функционира
•Откриете способности за управување со несвесното за кои до сега не сте знаеле
•Задржите позиција на „глас на рамото“
•Изградите цврсти мостови на доверба
•Го користите својот глас и енергијата
•Ги развиете вашите јазични вештини и поставувате вистински прашања
•Управувате, следите и проценувате говор на тело
•Истражувате непознати територии на несвесното
•Раскажувате приказни
•Индуцирате и продлабочувате транс
•Интервенирате адекватно во различни ситуации
•Користите други техники
•Практични аспекти и вежби

Модул 2 (28-29.11.2020) ве води низ процесот на регресотерапија, за да можете да стекнете почетен капитал и самоуверено да водите еден таков процес со своите идни клиенти.

Текот на овој модул ќе ви овозможи да:
• Го разберете процесот на регресотерапија, неговата потреба, историја и моменталните трендови
• Управувате со процесот
• Го опуштите клиентот и да го задржите во состојба на релаксација
• Ја управувате вашата енергија во корист на процесот
• Користите разни техники за воведување во регресија
• Ги разберете комуникациските канали на клиентот
• Препознаете вистинска, несвесна содржина
• Го подржите и продлабочите процесот на регресија
• Истражувате во процесот
• Премостувате и отстранувате блокади
• Препознавате закани и силни страни во процесот
• Користите други техники
• Практични аспекти, демонстрации и вежби

Модул 3 (16-17.01.2021) ве води низ усовршување на процесот на регресотерапија, и ќе ви даде подлабоки увиди и сознанија.

Текот на овој модул ќе ви овозможи да:
• Поставите прашања кои произлегле од праксата која ќе ја имате како домашна
• Ја отстраните преостанатата несигурност
• Стекнете повеќе информации преку tips & tricks
• Изведете заклучоци, обрасци и свесност за клиентот
• Ја увидите широката слика
• Разберете како несвесното избира и води
• Користите техники на визуелизација, фантазија, метафори, …
• Користите коучинг техники
• Практични аспекти и вежби
• Демонстрации
• Менторски дел
• И многу повеќе 

По завршувањето на трите модули ќе имате прилика да го покажете своето знаење преку практична работа и да го прославиме заедно вашиот успех.

Светот сигурно ќе биде различен за вас по оваа обука за регресотерапевти 

Линк: http://shop.arslucida.mk/training-for-past-life-regression-therapist/

Предавач: Елена Антоновска

Елена Антоновска е сертифициран Професионален коуч на Ериксоновиот колеџ од Канада и тренер. Покрај тоа, листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: CEFE trainer, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, Regression therapist, Reiki Master, etc.

Претходен напис
Коучинг – ОНЛАЈН сесии
Следен напис
Самодоверба