ПОСТИГНЕТЕ ГО НЕВОЗМОЖНОТО-3

ПОСТИГНЕТЕ ГО НЕВОЗМОЖНОТО-3

  • Извадоци од истоимената збирка на Учителот Чоа Кок Суи

Магијата претставува Наука за манифестација со користење на Божествените закони.

Со надминување на пречките, Вашата Волја станува посилна, се развива Волјата за Манифестација.

Константно проучувајте ја материјата со цел да ја подобрите Вашата ситуација. Почнете од нешто мало, кое постепено ќе станува се поголемо, поголемо и поголемо.

Настаните се случуваат затоа што вие сакате да се случат. Креацијата се создава преку Волја, која влијае на Вашиот внатрешен свет.

Волјата се состои од два дела: Моќ/сила и Цел. Без Моќ, Целта не може да биде манифестирана. Моќта без Цел се разлева и станува беспомошна.

Надворешните пречки и блокади се неважни во однос на внатрешните. Вашите најголеми ограничувања доаѓаат од внатре, не од надвор!

Науката за материјализација функционира само ако кармички имате простор за материјализација. Она што би сакале да го примите и добиете, морате и да го дадете.

Нештото не може физички да се материјализира ако не поработите на деталите.

Користете духовен пристап кон нештата. Промената на Вашиот внатрешен свет, ќе предизвика промена и на физичкиот свет.

Материјализацијата изискува Енергија. Позитибвните зборови ве доведуваат во позитивна состојба на емоции и мисли. Започнете со позитивни зборови! Позитивните зборови имаат моќ!

Вие сте духовни битија создадени од Божествена Интелегенција, Љубов и Моќ. Затоа, она што го зборувате има тенденција да се манифестира.

Во материјализацијата не смеете да имате никаков сомнеж. Тој ги слабее Вашите мисли.

Вашата енергија има сопствена свесност, но се однесува како домашно милениче… Таа мора да биде контролирана! Нејзиниот тек мора да биде насочен! Со нејзино зголемување, она што го мислите и зборувате ќе има тенденција да се манифестира.

Со животот управуваат циклуси – понекогаш сте горе, понекогаш сте долу.

Трендот на животот може да биде во нагорна или надолна линија, но Вие можете да ја одредите иднината преку користење на Законот на Циклусите.

По секоја бура доаѓа спокој. По секој голем дожд, доаѓа растење. По непријатните промени, секогаш настапува поголема активност, поголем успех.

Успехот доаѓа од насоченост кон една цел, не од конфузија и разлеаност.

Успехот е манифестација на Вашиот раст и развиток. Успехот го покажува степенот на совладаност на учењата и знаењето од Ваша страна.

Кога сте внатрешно силни, вашата способност и можностите да постигнете успех се поголеми.

Останете со фокусот на Вашата цел.

ВИЕ СТЕ ПРЕДОДРЕДЕНИ ДА БИДЕТЕ УСПЕШНИ!