Pranic Healing, Ниво 1 – Сертифициран курс (21-22.09)

Pranic Healing, Ниво 1 – Сертифициран курс (21-22.09)

Pranic Healing® е високо развиен и тестиран систем за енергетско исцелување развиен од страна на Мастерот Чоа Кок Суи. Во овој систем се користи прана за да се балансираат, хармонизираат и трансформираат енергетските процеси во телото. Прана е санскритски збор кој означува животна енергија. Оваа животна енергија или витална сила го одржува телото живо и во состојба на здравје. Во традиционалната кинеска медицина оваа сила се нарекува Чи, додека пак во хебрејскиот мистицизам се нарекува руах или здив на животот.

Pranic Healing® е едноставен, а сепак моќен и ефективен систем на не контактно енергетстко исцелување. Се базира на принципот кој вели дека телото е само-исцелувачко битие кое има способност да се самоисцелува и дека овој процес се забрзува со зголемување на количеството на достапна животна енергија која се користи да се корегираат физичките и емоционалните дисбаланси.

Pranic Healing® не бара лекови, физички помагала, дури ни физички контакт со клиентот. Физичкиот контакт не е потребен затоа што практикантот работи на биоплазматското енергетско тело, а не директно на физичкото тело. Ова биоплазматско тело е калапот или планот кој го опкружува и проникнува физичкото тело. Преку ова тело се апсорбира животната енергија и се дистрибуира низ физичкото тело. Поради оваа причина Pranic Healing® работи на енергетското тело затоа што физичките проблеми прво се појавуваат како енергетски дисбаланси во биоплазматското тело пред да се манифестираат како заболувања на физичкото тело.

Мастер Чоа Кок Суи го развил Pranic Healing® како разбирлив систем на енергетска медицина за да го подобри квалитетот на нашите животи. Семинарот е дизајниран на практикантите да им даде целовити основни знаења од областа на енергетското исцелување и други Езотериски науки.

Со завршување на овој курс вие ќе добиете интернационален сертификат од Institute for inner studies inc. за завршен прв степен од Pranic Healing®.

Инвестиција за курсот: 120 евра

Ви посакуваме добредојде во суптилниот свет на енергијата и во возбудливиот свет на Pranic Healing®!

Предава: Елена Антоновска

Елена Антоновска е сертифициран Професионален коуч на Ериксоновиот колеџ од Канада и тренер. Покрај тоа, листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: CEFE trainer, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, Regression therapist, Reiki Master, etc.

За пријавување пополнете ја формата подолу или јавете се на телефон: 075 25 27 24 (Елена)

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!