ПРАНИЧНА ПСИХОТЕРАПИЈА

ПРАНИЧНА ПСИХОТЕРАПИЈА

Еден од предизвиците со кои се соочува психотерапијата  доаѓа од ефемералната природа на она што се обидува да го третира – психата. Делумно биолошка, делумно душевна, таа опстојува во константна флуктуација на расположенија, нагони, ставови, инспирации, конфликти, верувања, потреби, сеќавања, навики, трауми и желби, што е дел од целата слика. Секој обид да се процени, дијагностицира и третира состојбата на психата е соочен со тешкотии. Проценката и дијагнозата можат да бидат прецизни или не, додека третирањето вообичаено е долготрајно. Резултатите варираат.

Честопати се среќаваме со случаи кога личноста не може да ги промени своите негативни ставови и верувања, без оглед на напорот тоа да го стори. Други ги „чуваат“ болните сеќавања и трауми, чувствувајќи се зачудувачки удобно во нивната вибрација. Емоционалните рани често служат како несвесни алатки со кои ги задоволуваме личните потреби. Зависностите траат со години и откако алкохолот или дрогата не се веќе присутни.

Праничната психотерапија е дизајнирана со цел да се преобразат, на свесно или несвесно ниво, негативните системи на верувања, да се надминат трауматските сеќавања, да се излекуваат емотивните рани, при што личноста би добила можност креативно и духовно да расте и созрее.

Таа обезбедува поинаков пристап кон човекот и неговата комплексна природа, со што ја зголемува нашата свесност за влијанието на енергијата – праната на емоционалните и менталните проблеми. Претставува ефективно енергетско средство за одржување и подобрување на етеричната хигиена. Се користи секогаш кога личноста е изложена на нечисти, штетни, негативни влијанија. Успешно ги отстранува негативните мисли, емоции, стрес, трауми, стравови, зависности, всушност влијае на вариетет од физички, емоционални, ментални тешкотии и нарушувања, на однесувањето, едуцирањето итн.

Уште повеќе, праничната психотерапија има огромни придобивки во превентивата на овие елементи и доведува до воодушевувачки резултати и трансформации на личноста.

Иако говориме за третирање на човековата психа, праничната психотерапија има значајно влијание на физичкото здравје. Причина за ова е фактот што отстранувањето на емоционалните блокади доведува до подобрување на целосната добросостојба на личноста и до нормално нејзино функционирање во секој аспект.

Праничната психотерапија обезбедува нова енергетска димензија на процесот на третирање на ваквите нарушувања и е наменета да ги надополнува, проширува и унапредува традиционалните пристапи. Таа е значајна, конкретна, директна и насочена кон промена на личниот и професионалниот живот. Содржи лесни техники за практично и ефективно решавање на комплексни психолошки проблеми. Но, истовремено ни овозможува да осознаеме и различни техники за само-помош, кои би биле во функција на подобрување на нашето здравје на сите нивои на живеењето.

Внесувањето на Лекувањето со Прана во секојдневниот живот на човекот би обезбедило лична промена, промена во опкружувањето, во материјалниот живот, а со тоа и на глобално ниво, секако во позитивна смисла. Праничната психотерапија претставува пат до таа промена, до квалитетен, среќен, исполнет и успешен живот.