ПРАНИЧНА ЕНЕРГЕТСКА САМО-ЗАШТИТА

ПРАНИЧНА ЕНЕРГЕТСКА САМО-ЗАШТИТА

Праничната енергетска самозаштита е наука и уметност на заштита од негативни влијанија или контаминација, од физичка, етерична, емоционална, ментална и енергетска природа, без оглед дали се тие свесни или несвесни.

Техниките на самозаштита се едноставни и лесни за учење, како и целокупниот систем на Лекување со Прана и се применуваат веднаш и тоа за различни цели, како што се:

  • Заштита од негативни мисловни форми

Мисловните форми се производ на човечкиот ум и се тесно поврзани со нашите емоции, при што тие се позитивни (љубов, милост, дарежливост, храброст,…) или негативни (лутина, бес, омраза, насилство,…), силни или слаби, во зависност од начинот и интензитетот на размислувањето или емоцијата од која се водени како такви.

Во енергетските знаења без оглед од каков вид се мисловните форми, тие имаат облик, влијание и место во нашето енергетско тело.

  • Заштита од нечисти, негативни енергетски тела

Енергетското тело е обвивка на физичкото тело, негов двојник и меѓу другото ги содржи квалитетите на нашите мисли и емоции. Тоа значи дека секоја мисла и емоција создава одредена вибрација на енергија која е вклучена во нашето енергетско тело и која понатаму се пренесува во околината.

На тој начин, бидејќи човекот е отворен систем и постои поврзаност помеѓу сите нас, ние ги чувствуваме влијанијата од околината (стресна работна околина, неизбежни контакти, семејство,…).

Исто така, потребно е да се напомене дека и секој простор, место, градба поседува своја енергетска вибрација, која најчесто ја презема од луѓето. Заради тоа, во најголемиот број на случаи барови, коцкарници, бордели итн се енергетски загадени и поседуваат многу ниска енергетска вибрација.

  • Апсорпција и отстранување на негативните мисловни форми и енергии како лутина или стрес во просторот.
  • Дезинтеграција на негативните мисловни форми или енергии од одредени места.

Еден од најбитните факти кои е потребно да се нагласи е Принципот на привлекување и одбивање. Истите квалитети се привлекуваат, различните квалитети се одбиваат. Поедноставно претставено значи дека ја привлекуваме онаа вибрација што ја емитираме, но исто така оној квалитет кој што не го поседуваме, нема да влијае на нас. Ако длабоко некаде во себе сме бесни, ќе се соочуваме со бесни луѓе, ако шириме љубов околу нас, ќе ни биде вратено со љубов.

Техниката на пранична енергетска самозаштита обезбедува знаење за тоа како да креирате заштитно енергетско поле за луѓе, објекти и простор, со цел да ги зајакнете и направите сигурни, непропустливи за негативна енергија и со неможност за репрограмирање од други, да ги трансформирате или пренасочувате негативните мисловни форми, емоции, вибрации и заболени енергии во себе и другите.

Но, и насочува кон зголемување на свесноста за она кои сме навистина, какви квалитети и недостатоци поседуваме, каква вибрација шириме околу нас и со тоа укажува каде треба да работиме на себе и да се усовршуваме. Ова дава и објаснување за повеќето околности, ситуации, контакти, настани кои ни се случуваат и со кои се соочуваме. Едноставно му дава нова светлина, поинаква перспектива и перцепција на животот.

Оние кои ги применуваат техниките дадени во семинарот забележуваат зголемена самодоверба, здравје, енергија, почит и храброст. Познато е дека ги намалува кошмарите. Силното енергетско тело со кое се здобиваат практикантите дури и ги заштитува од физичко насилство и несреќи. Практиката може да доведе и до духовно напредување.